Home Вести Денес кочан ладно, утре снег, од понеделник покачување на температурата

Денес кочан ладно, утре снег, од понеделник покачување на температурата

Утринава целата територија на државава мрзне што значи насекаде се измерени негативни температури на воздухот.

Најстудено во населените места беше во Берово каде се измерени -12 степени додека на високите места и планините беше и значително постудено кад етемпературите се спуштаа до околу па и под -15 степени а на планинските врвови до околу -20 степени.

Утре се очекува зголемена облачност, што поради ниските температури ќе услови врнежи од снег, особено на повисоките места и планините. Во недела се очекува стабилизација на времето.

Овој поларен студ полека ќе попушта, особено од самиот почеток на следната недела, кога ќе има ПОГОЛЕМО ЗАТОПЛУВАЊЕ на времето и пораст на температурите на воздухот.