Делува и кај 70 годишни жени…Се нанесува на брчките, а кожата станува мазна како стакло…

На каналот наменет за убавина и нега на кожата од лицето беше споделен проверен рецепт од кој кожата станува помлада, посјајна и поблескава.

Сите поборници на природната козметика беа воодушевени од овој домашен крем против брчки. Се подготвува од целосно природни состојки кои на никој начин не можат да му наштетат на организмот. Еве што ви е потребно:

КРЕМ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

2 лажици скроб/нишесте/густин
200 мл вода
4 лажици ленено семе
200 мл вода
1 лажичка мед
1 лажичка лимонов сок

ПОСТАПКА:

Растворете го скробот во вода и ставете на умерен оган да се свари со непрекинато мешање додека да згусне. Оставете да се олади.

Сварете го лененото семе на ниско умерена температура 5-6 минути додека да се ослободи слузта, па процедете го низ газа кога ќе подизлади. Ќе добиете гел.

Измешајте 4 лажици од сварениот скроб и половина од гелот. Соединете со лажичка мед и лимонов сок. Складирајте во соодветно кутивче и чувајте во фрижидер.

УПОТРЕБА: се нанесува на чиста кожа од лице, врат, деколте, раце…Се остава да делува 20 минути по што се измива со млака вода. Се користи секојдневно најмалку 15 дена, најдобро навечер.

КРЕМ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажичка масло од чичок
2 лажички сварен скроб (од претходниот рецепт)
остатокот од гелот од лененото семе од претходниот рецепт

ПОСТАПКА:

Сите состојки добро помешајте ги и складирајте во соодветно кутивче и чувајте во фрижидер.

УПОТРЕБА: се нанесува на чиста кожа од лице, врат, деколте, раце…Се остава да делува 20 минути по што се измива со млака вода. За најдобри резултати се користи најмалку 3 пати неделно. Постапката погледнете ја ОВДЕ: