Деликатесен кавијар од модар патлиџан
Ви претставуваме рецепт за домашен намаз „кавијар“ од модар патлиџан и пиперки – совршен избор за предјадење или намачкано на леб или тост.
Ова јадење е лесно за подготовка, здраво и богато со вкусови, што го прави идеално за секоја пригода.
Комбинацијата од печени зеленчуци, зачинета со маслиново масло и јаболков оцет, нуди хранлива и вкусна опција за сите љубители на природната храна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
– 3 модри патлиџани
– 2 пиперки
– 1 голем домат
– 1 главица кромид
– 2 чешниња лук
– 1 лажица јаболков оцет
– 3 лажици маслиново масло
– Сол по вкус
– Мелен црн пипер по вкус
– Свежи билки (по желба, за декорација)
– НМД
Постапка:
1. Загрејте ја рерната на 220°C. Избоцкајте ги модрите патлиџани со виљушка на неколку места за да не пукнат при печењето.
Ставете ги модрите патлиџани, пиперките и доматот на плех обложен со хартија за печење. Печете 30 минути или додека зеленчукот омекне и кожата почне да се лупи.


2. Откако зеленчукот ќе се испече, оставете го да се излади на собна температура. Потоа, излупете ги модрите патлиџани, пиперките и доматот, отстранувајќи ја лушпата.
3. Исечкајте го излупениот зеленчук на ситни парчиња или изгмечете го со вилушка, во зависност од посакуваната текстура.
4. Во сад со исечканиот зеленчук додајте ситно исечкан кромид и две чешниња лук, претходно изгмечени. Зачинете со сол и мелен црн пипер по вкус.
5. Додајте една лажица јаболков оцет и три лажици маслиново масло. Темелно измешајте ги сите состојки за да се соединат вкусовите.
6. Послужете го кавијарот веднаш, намачкан на свеж или лесно препечен леб. По желба, декорирајте со свежи билки, како магдонос или босилек.
7. Доколку не го послужите веднаш, чувајте го во фрижидер во затворен сад до 5 дена. Вкусовите ќе се интензивираат по неколку часа во фрижидер.
Овој кавијар од модар патлиџан е лесен, здрав и разновиден додаток на вашата трпеза, совршен за уживање во секој момент! Деталите од постапката погледнете ги во видео прилогот ОВДЕ:




































