Потребни состојки:
4 јајца
200 г шеќер
60 мл масло
60 мл вода
215 г брашно
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
За натопување:
250 мл млеко
4 лажици какао
100 г шеќер
Кокос за валкање
Постапка:
Загрејте ја рерната на 175 сстепени.
Пригответе калап 27х41 (ако имате во сетот 3 длабоки тепсии, оваа е таа најголемата), обложете го со хартија за печење и премачкајте со путер и наросете малку брашно.
Јајцата добро изматете ги со шеќер и ванилин шеќер.
Со постојано матење додавајте масло и топла вода во тенок млаз. Преку изматената смеса ставете брашно измешано со прашок за печиво.
Измешајте и излејте ја смесата во калапот, па кратко печете, да остане светла кората. Оставете во тепсијата да излади.
За преливот: измешајте го млекото со шеќерот и какаото. Кратко проварете со постојано мешање за да не загори, а малку да згусне. Изладете.
Изладената кора сечете ја на поголеми коцки. Секоја коцка пресечете ја дијагонално за да добиете тријаголници.
Во еден сад ставете го преливот, а во друг сад кокосот.
Секој тријаголник само на страните потопувајте го во преливот и веднаш во кокосот. Средината треба да остане светла. Редете ги исправено на поголема чинија или тепсија.