Потребни состојки:

500 г брашно

200 г путер или маргарин (на собна температура)

4 жолчки

3 лажици шеќер

3 лажици кисела павлака

1 ванилин шеќер

1 лажиче рум или по вкус

Кора од лимон

1 лажичка сол

½ коцка свеж квасец

(за квасецот е потребно: 100 мл млако млеко, 1 лажица шеќер, 1 лажица брашно)

За фил:

4 белки

200 г шеќер

200 г мелени ореви

1 јаболко ситно изрендано

2 ванилин шеќер

1 лажиче рум или по вкус

Уште е потребно:

Мармалад по желба (кајсија или шипки или нешто друго)

Малку мелени ореви за наросување или бадеми, лешници..

Шеќер во прав за наросување на штрудличките

Постапка:

За тесто: квасецот измешајте го топло млеко, шеќер и брашно и оставете на топло да се активира. Промешајте гисите суви состојки, додадете им ги влажните и направете убаво мазно тесто. Тестото поделете го на четири делови.

Секој развлечете го со димензии приближно 30х40 см.

Премaчкајте со мармалад по желба, наросете малку мелени ореви врз мармаладот (во средината не наросувајте. Краевите на кората свиткајте ги. Штрудлата преселете ја во тепсија и ставете ја на топло 30-тина минути. Додека тестото се одмора направете го филот.

За фил: белките измиксајте ги во цврст снег и постепено додавајте шеќер и на крај додадете ги останатите состојки. Со приготвениот фил наполнете ја средината на колачот, полека израмнете и печете во загреана рерна на 170 степени околу 35-40 минути.

Додека е топол колачот обилно наросете го со шеќер во прав.