Многумина имаат проблеми со варењето на храната, како и проблем со тврда столица. Чувството може да биде навистина непријатно, б олно и напнато. Дебелото црево може да содржи неколку килограми заглавен от-пад, колку и да ви звучи тоа невозможно.
Пробајте и обидете се еден ден да бидете на пост на вода, па ќе забележите дека и натаму ќе ги празните цревата иако дента не сте јаделе ништо. Истото може да продолжи и вториот ден…
Се препорачува сите да прават „генерално“ чистење на дебелото црево еднаш годишно за да го ели-минираат овој отпад и насобраните ток-сини, за да може да се подобри неговата функција. Доколку не се исфрли отпадот надвор од телото, ток-кисните преминуваат преку ѕидот на дебелото црево и повторно се враќаат во кр-вотокот.
Затоа, не смее да се одложува секој „повик“ за празнење, бидејќи кога цревото ќе се раздвижи со цел да се испразни и тоа не се исполни, тогаш повторно се враќа во фаза на мирување при што доведува до скаменување на екскрементот и враќање на ток-сините во организмот.
Сето ова доведува до хронични заболувања. Во денешно време, постојано сме изложени на о-пасни хемикалии и загадувачи, па затоа сме уште повеќе склони кон ваквите здравствени проблеми.
Најчестите симптоми на ток-сичност на дебелото црево вклучуваат: намален имунолошки систем, неправилно варење на храната, гасови, подуеност, дијареја, запек, б олки во стомакот, промени во расположението, замор, депресија, губење на меморијата и замаглување на видот, б олки во мускулите и зглобовите, проблеми со мочниот меур, ва-ги-нални инфекции и осип на кожата.
Доколку ги имате споменатите симптоми и сметате дека на вашето тело му треба чистење на дебелото црево, подгответе го следниот рецепт затоа што е исклучително ефикасен и корисен:
Јаворов сируп за чистење на дебелото црево
Потребни состојки: 2 лажици јаворов сируп, свежо исцеден сок од лимон, половина кафена лажичка мелен црн пипер и 350-500 мл вода, најдобро да биде минерална или изворска.
Постапка: Измешајте ги состојките и пијте ја смесата 2-4 пати на ден, две недели по ред. Избегнувајте преработена храна, ал-кохол, кофеин и вештачки додаден шеќер и јадете сирова храна, особено овошје и зеленчук. За најдобар ефект пијте 2 литри од напитокот во текот на еден ден, без да внесувате цврста храна.
Важно е да обратите внимание на она што го јадете. Потребно е да јадете овошје, зеленчук, житарици и да пиете јогурт или кефир, кои се природни пробиотици б бидејќи пробиотиците го стимулираат растот на добрите бактерии во организмот. Исто така, важно е да пиете многу вода за да бидете хидрирани.
Овој природен лек може да помогне во правилно варење на храната и при проблеми со запек
Потребни состојки: 5 чаши вода,100 г сливи, 100 г урми.
Подготовка: Ставете сливи и урми во тенџере и оставете да зоврие водата. Потоа гответе уште 15 минути на тивок оган, поклопено, а кога е готово, оставете да се излади. Складирајте ја смесата во стаклена тегла и чувајте ја во фрижидер. Кон-сумирајте по една лажица наутро на празен стомак, пред појадокот.
Овој природен лек ќе ви помогне да го исчистите организмот од ток-сини, но и да го решите проблемот со запекот. Со сигурност ќе се чувствувате многу подобро. Покрај тоа, овој природен лек ќе го зајакне вашиот имунитет.
Исто така и смоквата е докажан природен лаксатив кој помага во исфрлање на насобраните ток-сини. Татковина на смоквите е Мала Азија, делови од Сирија и Палестина (Едемската градина), од каде што била пренесена преку Црното Море во Грција. Смоквата била донесена во Рим преку Египет и ја донеле Феникијците.
Денес, смоквите растат низ целиот свет. За нејзините знајни лековити својства напишани во античките египетски записи, како и во записите за античките цивилизации на медитеранскиот појас, дознаваме дека таа е опишана во легендите како симбол за плодност и размножување.
Лисјата од смоква се едногодишни, големи, жилави и груби на парталите и малку влакнести. Цветовите од смоква се разликуваат од другите цвеќиња. Тие се развиваат заедно во месести соцветија и формираат облик на круша. Овошјето е сочно и слатко. Кората на дрвото е кафеаво-сива и мазна.
Денес во ботаниката се познати околу 700 видови смокви. Важно е да знаете дека не треба веднаш да се пие вода по консумирање на смокви. Смоквата е хранливо стимулирачка храна во и како таква секогаш треба да се зема наутро.
Свежите и суви смокви имаат лаксативно дејство. Дури и во античката и народната медицина, тие се сметаат за природен лаксатив. Повремениот запек се третира со компот од суви смокви или сливи, како и комбинација на двете овошја.
Многу е важно да знаете како да го регулирате варењето на храната, со цел да се избегне автоинтоксикација на организмот, односно тру-ење со сопствени отро-ви, поради неколкудневно задржување на столицата.
Сувите смокви имаат лековито дејство врз гастроинтестиналниот тракт првенствено врз работата на желудникот, како важен дигестивен орган и ја апсорбираат вишокот киселина од желудникот, олеснувајќи ги симптомите на гастритис.
Поради своето антисептично дејство, народната медицина користи смокви против воспаление на грлото и белите дробови, и како лек против паразити во цревата. Смоквата се користи и како облога после убо-ди од инсекти. / Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска