Кај разни народи, па така и кај нас, уште од древни времиња се задржале некои таканаречени претскажувања кои денес главно се сметаат за суеверие. Претскажувањата секогаш го привлекувале вниманието на астролозите и религиозните следбеници, но нивното вистинско толкување не е секогаш толку лесно. Зошто на пример ако патот ви го пресече црна мачка или ако ви прелета гавран од лева страна се смета за несреќа, дали секогаш тоа е така и под кои околности?
Во овој прилог дознајте некои од најпознатите народни верувања за обичаите и само проценете колку вистина има во нив.
-Кога четворица луѓе при разделба ќе се ракуваат, па ќе се вкрстат рацете, доаѓа до кавга и раздор. При средба, ако се случи истото, некои веруваат дека ќе дојде до свадба.
-Ако намокри дете на дожд а нема уште наполнето една година, цел живот ќе биде слабичко.
-Ако некој гостин (странец) си замине од куќа, а воопшто не седнал, со себе ќе го однесе и мирот од таа куќа.
-Кога седат 13 луѓе на една маса, некој од нив ќе се разболи.
-Кога наутро стануваш, не станувај на лева нога, за да не бидел цел ден зловолен.
-Да се миеш со некој од ист мијалник или да се бришеш со еден пешкир, значи кавга.
-Човек со грпка носи среќа. Ако го сретнете тој ден ќе ви биде среќен. Ако го допрете на грбот, а тој тоа не го осети, ќе имате „среќна рака“ за што и да се зафатите да работите тој ден, се додека не ја измиете раката.
-Ако слушнеш дека доцна во ноќта некој тропа на врата, а нема никој, тоа е предзнак на некое зло.
-Кога наутро излегуваш од дома, внимавај кого ќе сретнеш: децата носат среќа и радост цел ден. Момче и девојка е знак дека нема ништо лошо да ти се случи тој ден. Маж и жена – ништо нема да ти тргне од рака, ако сретнеш доста стари луѓе – тој ден ќе бидеш лут.
-Ако уште рано наутро ти се случи некоја незгода, тој ден не започнувај ништо важно. Кога си тргнал на пат па мора да се вратиш по нешто што си го заборавил, од тој пат не очекувај корист.
-Кога првпат спиеш во туѓ кревет, запамти што сонуваш, бидејќи тој сон ќе ти се исполни.
-Првата ноќ во нов стан, она што ќе го сонуваш ќе се исполни.
-Кога двајца ќе се судрат со главите во желба нешто да подигнат, ќе се вљубат еден во друг.