Јаболковата киселина и медот се две неверојатно добри природни супстанции. Кога ги консумирате во нивен непреработен, сиров облик, обилуваат со здравствени бенефити. Ако ги споите заедно, резултатите стануваат уште попозитивни. Покрај тоа, употребата на слаткиот мед го прави вкусот на напитокот уште попријатен.

Борејќи се против болки во зглобовите, воспаленија, проблеми со дигестија и болки во грлото, на природен начин со консумирање на мешавината од јаболкова киселина и мед на празен желудник, ќе ги почувствувате благодетите од природата.

Здравствена корист од јаболковата киселина и мед помешани заедно

Сировиот мед и јаболковата киселина делуваат благотворно поради своите способности за одбрана од инфекции и третирање на различни околности кои влијаат врз подобрување на квалитетот на животот.

Ако ги консумирате заедно, ќе се стекнете со следниве предности:

-подобро здравје и елиминација на болки во зглобови (особено болки од артритис)

-елиминирање на проблеми со вишок желудочни киселини

-подобрување на здравјето на дигестивниот тракт, вклучително и проблеми со опстипација

-губиток на тежина

-намалено ниво на холестерол и намалување на крвниот притисок

-ублажување на воспаление на грло

-дава повеќе енергија

-дава младешки изглед и подобрување на состојбата на кожата

-го елиминира лошиот здив

-ги намалува восплителните процеси во организмот

Зошто оваа комбинација е толку успешна?

Предноста на оваа мешавина може да се објасни почнувајќи од нивните хемиски својства и интеракцијата со телото. Многу експерти веруваат дека стануваме болни кога нашето тело не е добро избалансирано и кога рН вредноста се ближи кон кисела.

Овие две намирници на совршен начин го враќаат организмот во рамнотежа.

РЕЦЕПТ

Најпрво снабдете се со природни намирници, бидејќи само тие ја имаат задржано својата нутритивна вредност потребна за лекување.

Помешајте заедно:

1 лажичка сиров мед

1 лажичка јаболкова киселина (ако можете да го толерирате вкусот зголемете ја дозата до 1 супена лажица)

1 чаша топла вода

Како се пие?

Најдобро е оваа мешавина да ја пиете на празен стомак. Консумирајте го околу 20-30 минути пред оброк. Бидете доследни и користете го секојдневно ако сакате да ги почуватвувате бенефитите.

Некои предлагаат зголемување на внесот на 2 или дури 3 пати дневно, во зависност од вашите потреби и толеранција на вкус.

Бидете внимателни: долга и консумација на поголема количина на јаболкова киселина може да предизвика намалување на нивото на калиум и намалување на густината на коските.

Исто така, јаболковата киселина може да има интеракција со диуретици, лаксативи и лекови за дијабетес и болести на срцето, па доколку планирате да го консумирате секојдневно најдобро е да се обратите на лекар за да се одбегнат интеракциите со лековите кои ги користите.