Идеал за секоја домаќинка е чиста, бела како снег облека, која мириса на свежина. Кон ова тежнее секоја домаќинка.
Меѓутоа, често се случува да погледнеме со дворовите на соседите и да забележиме дека кај едните се сушат перфектно бели алишта, а кај другите сиви, избледени чаршави и дола облека.
Зошто тоа се случува и како да го постигнеме ефектот на идеална белина без премногу напор?
Веќе ги испробавте сите синтетички избелувачи кои благо речено ви ги истенчија алиштата, без посакуваниот резултат?
Како да се избелаталиштата и да им се врати нивната претходна белина?
Не очајувајте. Постојат и народни средства кои ги користеле и нашите баби. Понекогаш тајната за чисти белиалиштане се крие во скапите средства од познатите произведувачи, туку во едноставните народни средства.
Еден од таквите начини е избелување на облеката со помош на калиум перманганат. Пробајте, ќе бидете изненадени со резултатот.
Еве како да се избелаталиштата со калиум перманганат (хиперманган):
1.За почеток набавете од аптека најобичен калиум перманганат (хиперманган).
Во домашни услови со ова евтино, а многу корисно средство направете го следното: во 10 литри врела вода (во леген) ставете неколку кристали од хиперманганот за да добие водата розева боја. Не претерувајте, за да не добие темновиолетова боја. Бојата мора да биде розева!
2.Ставете 200 г детергент заперењеалиштаи промешајте.
3.Ставете ги воденитеалиштаво овој раствор. Одозгора покријте со кеса или фолија и оставете да се киснаталиштата околу 4-5 часови (или преку цела ноќ).
4.Потоа,алиштата исцедете ги, ставете ги вомашиназаперење, и исперете ги на вообичаен начин.
5.По потреба повторете ја постапката,
Совет плус:обичнатасодабикарбона ќе ви помогне да заштедите на скапите средства заперењеи избелување на облеката. Резулатите ќе бидат подобри доколку при перењена висока температура додадете 2-3 лажицисодабикарбона во прашокот за перење. Содата ја намалува тврдината на водата, па така детергентот ќе стане поефикасен.
Како добар избелувач, некоиженикористат и прашок за печиво. Потребно е да го ставите предперењето заедно со детергентот во истата преграда од машината.