Истражувањето било спроведено во 177 светски градови и било откриено каде омилениот машки пијалак е најевтин а каде најскап.
Секој има своја мерка за пиво, некој ужива во полулитарско, а други сакаат помали чаши и 300 мл течност од хмељ. Меѓутоа, овојпат ќе ви откриеме каде на светот е најевтина една пинта пиво.
Една пинта (британска) изнесува нешто повеќе од половина литар пиво (568 мл), така што овие информации ќе ви покажат колку и каде чини отприлика половина литар пиво.
Значи, ако случајно се најдете во некое кафуле во главниот град на Венецуела Каракас, не треба да се грижите дали ќе викнете уште по една пијачка за друштвото. Имено, малку повеќе од половина литар пиво ќе платите во просек околу 36 денари, па ако сте излезени со уште 6-7 пријатели, една тура ќе ве чини околу 250 денари.
На спротивната страна, како град во кој се точи најскапото пиво се наоѓа Дубаи. Тука просечна цена на пинта пиво е речиси 609 денари, па тука е доста тешко да си дозволите себеси едно пиво, а не пак и на целата екипа.
Истражувањето спроведено во 177 светски градови, а нарачувајќи пиво, ќе банкротирате во Доха (600 денари), но и во Рејкјавик (525 денари) како и во Осло (500 денари).
Од другата страна на медалата, после Каракас уште поевтино пиво ќе испиете во Ташкент (40 денари) и Лагос (45 денари), кои се втор и трет најевтин пивски град на планетата.