Под маската на нарцистот. Одговорете искрено на прашањата подолу и откријте дали вашиот партнер емотивно ве злоставува.

Во било која врска, нарцистичкото злоставување може да биде еден од најтешките облици на злоставување кое жртвата треба да го издржи.

За првпат овој термин беше основан од швајцарскиот психолог Алис Милер, уште во раните 1980-ти. Според д-р Милер траумата не мора да потекнува само од физичко насилство и сексуално злоставување, особено на децата од страна на родителите.

Д-р Милер верувала дека повеќето ментални болести, зависности и криминогено однесување се резултат, не само на траума како што дотогаш се опишувало, туку и како резултат на долготрајно емоционално злоставување во текот на детството.

После д-р Милер и многумина други психоаналитичари дошле до истите сознанија, за постоењето на еден сосем нов вид луѓе, нарцисоидни поединци, кои вршат злоставување над оние кои се зависни од нив или во врска со нив, а тоа најчесто се нивните деца или партнерите.

Што е нарцист или нарцисист?

Нарцист е некој кој се грижи само за себе. Наречен е по грчкиот митолошки карактер Нарцис кој бил вљубен во самиот себеси. Тоа е каменот темелник на нарцистичката личност. Тие се толку самозадоволни од себеси што им недостига основната човекова особина – емпатијата, односно сочувството со другите.

Терминот нарцисоидно злоставување се однесува на начинот на кој луѓето можат да бидат емоционално манипулирани од страна на нарцистот, и како тоа негативно влијае врз нивната самодоверба и самопочит. Најлошото од сè е тоа што жртвата е манипулирана и најчесто не е свесна за злоставувањето.

Одговорете искрено на прашањата подолу и откријте дали вашиот партнер емотивно ве злоставува.

1.Вашиот партнер никогаш не ја признава вината?

Нарцистот никогаш нема да ја признае вината. Секогаш вината ќе ја префрли кон вас или ќе пронајде некој друг за да го обвини. Никогаш не презема одговорност за своите постапки. Неговиот неуспех е секогаш туѓа вина.

2.Ги извртува зборовите и манипулира?

Нарцистот на суптилен начин манипулира со другите луѓе, за тие да се однесуваат и размислуваат како што нему му одговара. Овој тип на нарцисти се способни да направат хаос онаму каде порано имало хармонија и мир, да ги свртат луѓето еден против друг. Тие на многу перфиден начин ги извртуваат зборовите, а понекогаш ќе кажат и дел од вистината, но добро ќе ја спакуваат со куп лаги, за другите да им поверуваат.

3.Се обидува да ве изолира од пријателите и семејството?

Нарцистот по секоја цена ќе сака да ве оттргне од пријателите и семејството. Тој не сака никој друг да биде фокус на вашето внимание. Ве сака 100% само за себе и не сака да имате никаква (ниту финансиска, ниту социјална) поддршка од другите. Откако ќе ве изолира од сите, ќе останете сами на светот. Кому ќе му се обратите кога ќе ви биде најтешко и кога ќе сакате да го оставите? Во нивниот ум тие знаат дека двапати ќе размислите пред да го оставите, бидејќи ќе немате никој друг.

4.Сака сè да контролира и да знае?

Нарцистот е “контрол фрик”, односно некој кој сака сè да се случува според негови услови, без разлика колку тоа ќе чини. Или ќе биде по негово, или нема да биде. Тој смета дека тој најисправно размислува. Честопати е безмилосен и суров кога сака да ја оствари својата цел.

5.Не сочувствува со вас?

Нарцистите не се способни за емпатија. Под лажно експресионираните емоции, се крие срце ладно како мраз. Тие не се способни да сочувствуваат со другиот. Нив не им е грижа ако ве повредат вас или сопствените деца, нивните родители, било кој…Во нивниот ум, кога ќе повредат некој сметаат дека тоа е исправно, дека тој некој го заслужил тоа.

6.Финансиски зависите од него/неа?

Нарцистот сака финансиски да зависите од него. Ако немате пари или заштеда, како ќе преживеете без него? Нема да се осмелите да го оставите.

7.Патолошки лажливец?

Нарцистите се патолошки лажливци. Тие убедливо и многу уверливо лажат. Способни се побрзо да ја смислат лагата отколку што можете да ги испрашате.

8.Има високи цели за збогатување и функција?

Нарцистите секогаш имаат цели за високи достигнувања. Брз разлика колку ќе ги чини и како ќе стигнат до посакуваната позиција/функција, тие сè ќе направат само за да ја исполнат својата желба за збогатување и стекнување со функција и моќ. Ако случајно се најдете на нивниот пат до успехот, немилосрдно ќе ве искористат во нивните валкани игри а потоа ќе ве уништат.

9.Озборувач?

Нарцистите се исто така немилосрдни озборувачи и клеветници. Способни се да исткаат најподли лаги само за да го оцрнат некого кој им стои на патот кон остварување на целта.

10.Има набилдано его?

Не поднесува конкуренција, па со сите подли способности ќе го поткопа вашиот углед кај другите луѓе. Не може да поднесе да бидете попосакувани, поубави и попопуларни од нив самите. Кај другите луѓе ќе се обиде да ја искриви перцепцијата за вас.

11.На почетокот беше харизматичен?

На почетокот нарцистите сè ќе направат само за да ве освојат. Кога еднаш ќе бидат сигурни дека сте нивни, повеќе не се грижат за својата маска, а вие ќе се прашувате каде исчезна прекрасната личност што некогаш ја запознавте?

13.Постојано ветува, но ништо не исполнува?

За нив ветувањето не значи ништо. Секогаш кога имаат потреба од тоа, тие ќе ветуваат „брда и долини” само за да ве вратат или да ја исполнат целта која ја замислиле. Меѓутоа, кога еднаш ќе се осигураат дека ја постигнале целта со своето ветување, тие си продолжуваат по старо.

13.Се плаши да биде напуштен?

Ако го напуштите, вие повторно ќе владеете со ситуацијата. Честопати нарцистите се неверни или имаат зависности, па доколку има избрано друга жртва, неретко се случува тој вас да ве напушти, за потоа повторно да ве моли да ви се врати. Но, никогаш нема да дозволи вие први да го напуштите.

14.Ве игнорира?

Нарцистите ќе направат сè за да се чувствувате инфериорно и да ја изгубите самодовербата, со навредување или со игнорирање. Третманот со молчење некои психолози го сврстуваат на исто рамниште со ментално убиство.

15.Има слаба самоконтрола?

Нарцистите честопати знаат прекумерно да реагираат и да прикажат неконтролиран бес. Причината за нивниот бес обично е некоја безначајна ситница.

16.Постојано сака да му се восхитувате?

Тие се нарцисти, вљубени во сопствениот лик и дело. Меѓутоа, нарцистите имаат постојана потреба некој да им се воодушевува и тоа е нивната најголема зависност. Како што наркоманот е зависен од дрога, така нарцистите се зависни од туѓата восхит кон нив.

17.Ве тера да полудите за потоа да изигрува жртва?

Нарцистите честопати ќе ве доведат до крајни психички граници, кога буквално не можете повеќе да се воздржите, да плачете и викате од беспомошност. Тогаш тоа го користат за да можат пред другите да ве прикажат како луди, а себеси да се прикажат како жртва.

18.Ги крши законите?

Нарцистите веруваат дека се над сите закони. Тие и така се однесуваат како за нив да не важат законите. Тие немаат срам за своите постапки. Сакаат да ризикуваат и секогаш веруваат дека се препамени за да бидат фатени.

19.Ароганцијата е една од карактеристиките?

Сакаат да се фалат и да го покажуваат своето богатство и убавина за другите да им се восхитуваат. Тоа е храната за нивното фрагилно его.

20.Нема морал а другите ги критикува?

Нарцистот е личност на кој му недостига морал и морални вредности. Но, секогаш ја користи можноста да ги критикува другите и нивните морални стандарди.

21.Никогаш не е задоволен?

Нарцистите никогаш не се задоволни од ништо и за кратко време сè им здосадува. Перфектна жена/маж, деца, куќа… Ништо од ова за нив не е доволно.

22.Не поднесува критика?

Нарцистите бурно реагираат и на најмала критика.

23.Ги прикрива и не ги признава своите слабости?

Нарцистот секогаш ги крие своите слабости како “змијата нозете”. Ако малку се доближите и ги насетите нивните слабости, веднаш немилосрдно ќе ве повредат.

24.Се извинува, но тоа ништо не значи?

По потреба нарцистите може да се извинуваат, но зборот „извини” за нив нема значење. Тоа е само празен збор кој за нив не значи ништо, само остварување на целта.

25.Ветува дека ќе се промени, а потоа не го исполнува ветеното?

Нарцистите за да не ве изгубат, ќе ветат сè и сешто, па дури и дека ќе се променат, што всушност не е возможно. Нарцистите ќе се потрудат со сите свои сили да ве привлечат како што молците се привлечени од уличните светилки.

Напомена: 50-75% од нарцистите се мажи, но жените нарцисти можат да бидат дури полоши и посурови од мажите. Жртвите понекогаш завршуваат со cамоyбиство, ретко извршуваат y биство, но најчесто имаат психолошки пореметувања до крајот на својот живот. Оние што успеваат да се спасат од канџите на својот нарцист и психички да се излекуваат, се нарекуваат „преживеани”, пишува NMD.mk