Изненадете го вашето семејство со нов рецепт – ајвар од цвекло кој е исклучително вкусен и многу здрав.
Благодарение на влакната кои ги содржи, цвеклото може да го намали холестеролот во крвта и до 40%. Го прочистува организмот, ја поттикнува работата на црниот дроб и го нормализира варењето.
Сокот од цвекло е одличен лек за бубрези, гихт и жолчна кеса, а во комбинација со морковот, делотворноста двојно се зголемува.
Кога не е сезона и немате при рака свежо цвекло, тогаш послужете се со цвеклото од тегла, а во продолжение прочитајте како да направите ајвар од цвекло.
Потребни состојки: 3 кг цвекло, 2 главици кромид, 5 зрели домати, 4 чешниња лук, сол, црн пипер по вкус, 1 лажица шеќер и 5 лажици масло
Постапка: Цвеклото темелно исперете го со ладна вода. Потоа ставете го во загреана рерна на 200 степени и запечете го колку да омекне. Оставете да излади па излупете го.
Кромидот и лукот исчистете ги, па заедно со цвеклото измелете ги во машина за мелење месо. Доматот излупете го и исечете го на парчиња.
Во соодветен сад ставете масло, па додадете ја кашата од цвекло и домати, па смесата гответе ја со повремено мешање 35 минути на умерен оган. Потоа додадете шеќер, сол и црн пипер, па ајварот гответе го уште 10 минути.
Врелиот ајвар складирајте го во стерилизирани и загреани стаклени тегли, па затворете ги. Оставете ги да изладат, па сместете ги до нивна употреба.