Во земјите од Истокот одамна прават психолошки профили на лицата според нивната крвната група. Јапонците го применуваат овој метод- анализа на крвните групи- кетсуекигата- во секојдневниот живот. Повеќето луѓе ја користат оваа техника за да ги одберат пријателите, партнерите и животните придружници.
0 КРВНА ГРУПА
Жената со нулта крвна група од својот маж очекува среќа, задоволство и нежност. Таа чувствува силна желба за брачен живот, која потекнува од потребата да се потврди низ брачниот живот и семејството.
Како сопруга, владее од позадина и неретко учествува во изградбата на кариерата на својот сопруг.
Како мајка, кон децата се поставува другарски, а личните амбиции ги остварува преку сопругот и децата.
Мажите со нулта крвна група се многу заинтересирани за жените. Активни се во тој поглед, и затоа се забележливи од страна на женскиот пол. Незгодната страна на овие мажи е тоа што се нестабилни, бидејќи работите брзо им здосадуваат. Во бракот се приврзани кон семејството, но и тука може повторно да дојде до израз нивниот непослушен карактер, кој не може да го поднесе препуштањето на монотонијата од секјдневието.
А КРВНА ГРУПА
И жените и мажите со А крвна група се демократични во врските, го почитуваат партнерот и неговите квалитети. Меѓутоа, поради емотивната и чувствителна природа, ги откриваат своите чувства дури тогаш кога ќе станат целосно сигурни во партнерот, за да не бидат повредени.
Жената со А крвна група е добра мајка, која ги поддржува своите деца, но и многу бара од нив.
Мажот со А крвна група често на прв поглед не е многу привлечен за жените, а нивните вредности доаѓаат до израз дури во подолга врска. Меѓутоа, најголемиот квалитет на овие мажи е тоа што целосно се посветени на семејството. Кога го засноваат, во него го пренесуваат тежиштето на својот живот. Тие ја поддржуваат и сакаат да ги истакнат квалитетите на својата жена.
Б КРВНА ГРУПА
Жените со Б крвна група во љубовта очекуваат постојано внимание од својот избраник. Во партнерските односи делуваат пробирливо и недопирливо, па поради тоа потешко се одлучуваат за брак. Инаку, многу се посветени на семејството.
Мажите со Б крвна група ги почитуваат жените на специфичен начин. Онаа која ќе ја одберат, ќе и донесат се’ пред нозете, исто како на кралица. Меѓутоа, замаскираната природа на мажот со Б крвна група доаѓа до израз во емотивниот однос. Склони се кон меланхолија кога немаат адекватен партнер и полесно им е да фантазираат отколку да се соочат со сопствената природа.
АБ КРВНА ГРУПА
Жените со АБ крвна група обожуваат мажи со авантуристичен дух. Меѓутоа, уживаат во љубовта само додека тие им дозволат да останат мистични. Како мајки се прилагодливи кон своите деца, попустливи и не се строги. Успешно наоѓаат мерка колку и како можат да бидат другари со своите деца.
Кога станува збор за мажите, специјалитетот на АБ крвната група е додворувањето. Тие се големи заводници, но се додворуваат на суптилен начин. Колку мажот ќе успее да ги избалансира двете природи на својот карактер, главно зависи од партнерката. Да речеме, ако неговата избраничка е со крвна група Б, тој ќе се однесува како типичен претставник од групата А, и обратно.