Видливата светлина, за разлика од ултравиолетовите зраци како што се УВ и УВБ зраците за кои веќе знаеме дека предизвикуваат оштетување на кожата – е светлина која може да се регистрира со човечко око.
„Сината светлина“ од телевизорите, лаптопите, телефоните .. го забрзува стареењето на кожата.
Веќе знаеме дека сината светлина од електронските уреди може да го поремети сонот, бидејќи го „мами“ мозокот и го пренесува во „време за будење“. И затоа е најдобро да не „скролате“ бескрајно по Инстаграм во 11 навечер. Но, тоа не е единствениот проблем, бидејќи сината светлина која се емитира од сите уреди, а без кои денес не можеме да си го замислиме животот – го нарушува нашиот тен.
Сината светлина е дел од видливиот спектар на светлината на најкратка бранова должина и највисока енергија, дел е од сончевиот спектар, но го произведуваат и различни уреди со екран.
Видливата светлина, за разлика од ултравиолетовите зраци како што се УВ и УВБ зраците за кои веќе знаеме дека предизвикуваат оштетување на кожата – е светлина која може да ја регистрира човечкото око.
Иако (се’ уште) нема докази дека може да предизвика рак на кожа на ист начин како ултравиолетовите зраци, постојат научни студии кои покажале дека сината светлина предизвикува повеќе хиперпигментација отколку УВБ зраците, пишува британскиот „Метро“.
Истражувањата исто така, покажале и дека долготрајното изложување на оваа сина светлина го забрзува процесот на оксидација, со што доведува до хиперпигментација на кожата. Оксидативните процеси ја спречуваат одбраната на кожата, правејќи ја подложна на стареење.
Првите знаци на стареење кои се забележуваат се нееднаков тон на кожата, бледило, делумна хиперпигментација, но и фини брчки… кои набрзо нема да бидат веќе така „фини“.
Она што можете да го направите за да го спречите тоа е секојдневно да нанесувате крем со фактор за заштита од сонцето, крем кој му одговара на вашиот тип на кожа, дури и ако не излегувате од дома. Секако, не ви е потребно млеко за сончање преку целата година, но денес речиси секој поквалитетен хидрантен крем за лице нуди одреден степен на заштита.