Здравјето е најголемо богатство. Ова тврдење главно го говорат луѓе во години и најчесто се зема здраво за готово. Често се спомнува, но дури кога човек ќе се разболи, тогаш навистина ја сфаќа неговата тежина.
Познато е дека болеста не бира, но постојат поедини болести кои можат да се спречат и да се одбегне постелата. Се смета дека најчестите маки кои го мачат современиот човек се настинката и кашлицата. Главно се прележува на нозе, но понекогаш толку го исцрпува организмот што болниот беспомошно се урнува во кревет.
Од постарите често може да се слушне дека детето настинало бидејќи било во парк само по маичка, па се испотило а било ладно. Експерите тврдат дека настинувањето од ладно е само народен израз и дека всушност главните виновници се вирусите.
Сепак, наглите промени на времето и неадекватното облекување секако дека не му помагаат на човекот во одржување на неговото здравје. Настинката најчесто напаѓа зимно време и тоа најмногу тинејџерите кои не водат премногу грижа за тоа како се облечени ниту одржуваат некоја посебна хигиена на рацете.
Шансите да се заработи настинка може да се намалат ако луѓето во зимските периоди се облекуваат во склад со временските прилики, одбегнуваат контакт со заразени лица, не го допираат лицето со раце и ги проветруваат просториите во кои престојуваат. Добар имунитет е најдоброто оружје, но тој се одржува со здрава исхрана и квалитетен сон.
Старите често велат дека не треба да се шета со боси нозе ниту да се седи на ладен бетон. Колку и да им е смешно тоа на младите, треба да се знае дека девојката од тоа ја заболуваат јајници, па насмевката брзо исчезнува од потсмевливите лица. Воспаление на јајници е најчеста инфекција која ја предизвикуваат бактерии.
Во нормална состојба во јајниците и матката не престојуваат микроорганизмите. Но, кога некоја девојка подололго стои или седи на ладно, со тоа се намалува нејзиниот имунитет, па воспалителниот процес може сосем спонтано да се развие, па патегените да подивеат. Затоплување во текот на ладните денови е еден од начините да се одбегнат болки во долниот дел од стомакот.
НЕВИДЛИВА ОПАСНОСТ – ПРОВЕВ
Провевот е невидлива опасност која ги напаѓа и оние кои не „веруваат“ во неа. Постојат такви кои се исмеваат и на самиот израз, а постојат и такви кои се плашат од провевот како ѓавол од крст. Провевот најчесто предизвикува вкочанетост во вратот, ги стега крвните садови и настанува грч. Директната изложеност на клима уредите треба да се одбегнува доколку често сте вкочанети.