Ако вашето дете редовно во рацете го држи телефонот или таблет-уредот, верувајте дека не е единствено. Според една студија од 2013.година, 38% од децата помлади од 2 години ги користат овие мобилни уреди. Прашањето е, дали малите деца воопшто смеат да ги користат ваквите уреди, и ако е така, колку време смеат да ги користат во текот на денот?
Како што напредува технологијата, а децата ги користат мобилните уреди во помлада возраст, експертите разгледуваат дали педијатрите треба да им даваат конкретни совети на родителите.
На неодамнешниот одржан годишен состанок на Америчката академија за педијатрија, двајца педијатри го изнеле своето мислење за предностите и маните кои ги има оваа појава, односно користењето на електронски уреди од страна на многу мали деца.
Димитри Кристакис, професор по педијатрија на Универзитетот во Вашингтон, смета дека на децата може да им се овозможи пристап до овие уреди, но не по секоја цена.
„По мое мислење, до 30 минути дневно квалитетно интерактивно време пред екран е во ред. Идеално би било тоа да се одвива под надзор на возрасно лице, и што е поважно, да не го замени второто квалитетно време. Овие уреди не треба да им се даваат на децата во текот на јадењето или во времето кога обично родителите разговараат со нив“-вели тој.
Професорот советува да се обрати внимание на содржината, односно, постепено да се фокусираат на брзината со која се менуваат сликите од екранот. Прекумерната стимулација може да доведе до одредени проблеми. Родителите треба да ја разгледаат можноста за интеракција. Ако овие уреди ја поттикнуваат интеракцијата со детето, тогаш тоа е плус.
Неговиот заклучок е дека никогаш не било потешко да бидеш родител и да управуваш со дигиталниот живот на децата. Родителите треба повеќе да размислуваат за тоа- што нивните деца гледаат на екраните и колку време поминуваат пред нив. Родителите и педијатрите треба да бидат свесни дека постојат разлики помеѓу медиумите.
Од друга страна, Доналд Шифрин, педијатар од Вашингтон со работно искуство од 37 години, смета дека за деца помлади од две години, социјалната интеракција со „тродимензионално лице“ претставува попаметен пат по кој треба да се оди во овој момент.
НАСОКИ:
-Родителите подобро ги учат своите деца, отколку екраните. Резултатите од едно истражување покажуваат дека децата кои биле изложени на гласовно учење од екранот, не научиле подеднакво добро како и оние кои биле подучувани од возрасно лице.
-Не треба да се дозволи мобилните уреди да бидат средство за контролирање на децата. Многу пати се случило, при преглед на децата да им биде одземен уредот, а по нивното благо фрустрирање истиот да им се врати, за да се смират. Тоа доведува до проблем со самоконтролата.
Некогаш родителите се бореа со времето кои децата го минувале пред ТВ екраните, а сега тоа се разните други уреди. Работата на педијатрите е да им помогнат на семејствата да се изборат со повремените родителски проблеми.