Стресот не следи од раѓање, со него живееме и кога е умерен, ни дава динамика во секојдневието. Преголемиот стес пак, ја нарушува рамнотежата во организмот, а пак уште и кога е постојан, незабележано создава бројни сериозни компликации.

Исто така, го предизвикува Кушинговиот синдром. Проверете дали можеби и вие го имате?

Тоа во реалниот живот изгледа вака: во првите минути од стресната ситуација мозокот им наредува на жлездите да го зголемат лачењето на хормонит на стресот – кортизол, кој се разнесува преку крвотокот насекаде низ телото.

Органите поради засилениот стрес ја прераспределуваат енергијата за голем физички и ментален напор, на пример во црниот дроб се создава вишок глукоза, во крвните садови расте притисокот…

Кога ќе пројде опасноста, лачењето на кортизолот се нормализира и тело се опоравува. Меѓутоа, кога сме постојано под силен стрес, кортизолот засилено се лачи во подолг временски период.

Кортизолот во нормални околности се излачува во текот на денот по одреден редослед: највисоко ниво на кортизол има наутро во осум часот, во текот на денот неговото ниво постепено опаѓа и најниско е во вечерните часови и околу полноќ.

Кога тој трајно прекумерно се лачи, се создаваат проблеми со повеќе органи, а кога промените ќе ги зафатат практично сите органи, станува збор за мултисистемска болест која се нарекува Кушингов синдром.

Симптомите на Кушингов синдром се многубројни и се резултат од изложеност на сите ткива на висока концентрација на кортикостероиди.

ПРВИ СИМПТОМИ НА ОВОЈ СИНДРОМ

-необјаснето дебелеење во пределот на стомакот и вратот

-подуеност на лицето

-проблеми со кожата како црвенило, хиперпигментација, зголемена влакнатост

-слабост во мускулите

-емоционална вознемиреност

-висок притисок

Болеста обично започнува подмолно и незабележливо, најчесто тоа е необјаснето дебелеење, масни наслаги се трупаат на стомакот и вратот, додека екстремитетите се впечатливо тенки.

Останати симптоми се: замор, подуеност на лицето, проблеми со кожата, како што се црвенило, хиперпигментација, зголемена влакнатост и абнормален раст на влакната по телото и лицето, особено кај жени, потоа споро зараснување на рани, виолетови стрии, акни.

Присутни се и мускулна слабост, зголемен крвен притисок и зголемено ниво на шеќер во крвта, депресија, анксиозност, нередовна менструација и проблеми со плодноста, намалена сексуална желба, намалена густина на коските и зголемен ризик од фрактури. Во понатамошниот тек можат да настанат кардиоваскуларни компликации, инфаркт на миокардот, мозочен удар.

Овој синдром е почест кај жените и присутен е пред се’ кај млади лица.

Меѓутоа, за да се постави точна дијагноза, потребно е да се направат комплетни анализи на крвта и урината, функционални тестови кои докажуваат хринично зголемено ниво на кортизол, како и дополнителни испитувања.

Лекувањето на Кушинговиот синдром подразбира оперативно отстранување на изворот на прекумерно лачење на кортикостероиди, ако станува збор за промена на хипофизата или паклекови кои ќе го спречат претераното лачење на кортизол.