Дека ризикот од појава на главоболка се зголемува со порастот на температурите, покажуваат бројни невролошки студии. Имено големата врелина предизвикува проширување на кр-вните садови во главата.




Ова приширување (дилатацијата) доведува до притисок на нервните завршетоци, па доаѓа до многу чувствителни ситуации кога и нормалниот проток на кр-вта го чувствуваме како б олно пробо-дување низ главата.




„Поради наглите промени во атмосферскиот притисок, надворешните температури и влажноста на воздухот, се јавуваат метеопатски реакции, од кои главоболката е најчестата.




Од тие причини, секој оној кој деновиве чувствува главоболка, би требало да посети лекар за да се провери нивото на притисокот и да се утврди дали е потребна терапија“, објаснува доктор Александра Станиќ, специјалист по неврологија и експерт за главоболки.




ВРЕЛИНИТЕ ГО ИСЦРПУВААТ ТЕЛОТО. Докторката вели дека најчесто станува збор за мигрени и тензиона главоболка, кои се заболувања сами по себе, а не се симптом или предизвикани од некои други болести.




„Екстремните временски промени ја реметат природната способност на организмот самиот да се врати во состојбата која била пред да се случат промените во неговата функција.




Топлината го исцрпува телото, со засилено потење се губат течностите и електролитите, организмот се прегрева, паѓа артерискиот притисок и сето тоа претставува тригер за главоболка, објаснува д-р Станиќ.




Летно време може да се добие главоболка и доколку не носите заштитни очила и капа, па постојано се напрегате од пресилното сонце, а може да добиете и сончаница која исто така, предизвикува главоболка и мач-нина. Тригер може да бидат и многу шеќер и кофеин со кои обилуваат газираните пијалаци, а кои најмногу се пијат летно време.




Доктор Станиќ советува да одбегнуваме изложување на екстремни надворешни атмосферски влијанија и да се погрижиме за доволен внес на течности, но и да внимаваме на исхраната.




Важно е да не ја нарушиме внатрешната рамнотежа на организмот. На прво место тоа значи да одбегнуваме претерано прегревање, така што ќе престојуваме во разладени простории или под сенка. Не смееме да дозволиме да изгубиме премногу течност и електролити.




Многу е важно да останете хидрирани, а тоа значи да пиете многу вода и да јадете свежо овошје и зеленчук. Имајте на ум, заклучува д-р Станиќ, дека повеќето главоболки спонтано поминуваат, без терапија. Но, доколку тоа не се случи, одете на лекар за да се утврди за кој вид главоболка станува збор, бидејќи начинот на лекување зависи од тоа.