Ова прашање е вечна дилема.
Ако настојувате да ослабете, веројатно се прашувате: што треба да прескокнете: слатките или лебот?
Бројни експерти за исхрана советуваат дека, доколку сакате да ослабете, за вечера е потребно да го направите следниот избор: или леб или десерт. Но што е сепак најдобрата опција за слабеење?
За радост на многумина, одговорот на ова прашање е јасен – секогаш е подобро да го одберете десертот, и покрај тоа што тој покрај интегралниот леб од цели житарки, изгледа доста полоша опција (поради содржината на шеќер и празните калории).
Покрај тоа, според зборовите на експертите, подобро е да се одлучите за десерт, а да ја прескокнете корпата со леб. Имено, повеќето луѓе кои уживаат во благото, едноставно нема да бидат задоволени ако оброкот не го заокружат со десерт, односно ако квотата на слатко не биде исполнета.
Ако го прескокнете десертот, веројатно ќе се чувствувате незадоволно и сепак нема да издржите и нема да одолеете пред спиење да изедете барем половина кутија бисквити – што на крајот значи дека од ништо не сте се одрекле, ни од лебот ни од десертот.
Меѓутоа, би требало да се обрати внимание и на видот на десертот кој ќе го изедете: подобро е да ја прескокнете тортата преполна со фил, а да се одлучите за некој овошен колач, од темно чоколадо или кокос.