Дали е можно по природен пат да се исчистат крвните садови? Одговори кардиологот Драган и откри кои луѓе се изложени на ризик од инфаркт…
Многумина се прашуваат дали е можно по природен пат да се исчистат крвните садови, а на ова прашање одговори кардиологот Драган Симиќ.
Сите знаеме дела холестеролот може да му наштети на нашето тело, но малкумина од нас се свесни колку брзо телото може да се регенерира. Доволно е да се земе предвид начинот на живот, а особено исхраната.
На оваа тема во Утринската програма на Хепи говореше проф. д-р Драган В. Симиќ – кардиолог кој откри дали е можно да се исчистат крвните садови на природен начин.
– Наслагите се акумулираат во крвните садови со текот на времето. За жал, кога ќе наполниме триесет, започнува процесот на атеросклероза и сите почнуваме да добиваме наслаги на крвните садови.
Атеросклерозата зависи од вашата наследена предиспозиција и колку правите грешки во вашиот живот – дали пушите, колку тежите, дали ги контролирате мастите, крвниот притисок, како живеете воопшто.
Секако, луѓето кои имаат висок крвен притисок и кои имаат холестерол и триглицериди, особено лошиот холестерол, се во особено опасна зона.
Не мора да имате никакви проблеми, а може да имате многу висок лош холестерол, што го зголемува ризикот од добивање атеросклероза.
Некои луѓе развиваат проблем на 40, некои на 50 или нешто подоцна… доживувате ангина, болка и во еден момент срцев удар, објасни докторот и откри дали е можно сето тоа да се спречи:
– Дали е можно да се спречи сето тоа? Па, на некој начин е. Има многу природни препарати кои денес се рекламираат, а кои навистина имаат врска со тоа што можат да го забават тој процес.
Имаме два проблема, првиот е примарна превенција – значи здравје и здрав начин на живот кај луѓето.
Луѓе кои се целосно здрави и имаат висок холестерол треба да повнимаваат на исхраната и тоа е доволно, но ако кај нив се забележани т.н. ризик фактори и други проблеми, меѓу кои и високиот холестерол, треба да им се дадат одредени лекови за да го намалат тој ЛДЛ…