Овој сок се пие во период од седум дена, а потоа се прави пауза од седум дена, па се повторува и сè така. Она што е интересно за овој сок е тоа што е многу вкусен, па може да се пие секој ден како освежителен сок, но сепак, бидејќи содржи некои cтимyлиpачки состојки, препорачливо е да се прават паузи.




Рецептот го имам одамна запишано од некое списание и редовно го применувам. Интересно е што откако еднаш им го понудив на пријателките и сосетките, ми се јавија следниот ден да ми кажат дека биле воодушевени од резултатите, од само еден ден, од само една чаша. Им реков на шега да дојдат пак ако сакаат да се напијат, а тие навистина дојдоа.




Искрено, ми беше драго, затоа што со нив си поминувам убаво време, но кога дојдоа и третиот ден и ми најавија дека ќе дојдат и четвртиот, им го дадов рецептот, секоја сама да си го приготви. Можеби погодувате, но тие продолжија да доаѓаат седум дена по ред, зошто сметаа дека „јас сум им била среќата“.




И така, седум дена во неделата се дружев со моите пријателки и притоа секоај ги споделуваше своите позитивни искуства со овој сок. Како што го споделив рецептот со нив, така го споделувам и со читателите на НМД, со напомена секој претходно да си се конcyлтира со својот лекар.




Сокот има изразено диуретични својства, па очекувајте дека во текот на денот ќе мокрите повеќе од вообичаено, а притоа ќе ги чистите уpинарните патишта. Исто така, ќе ви се засили и метаболизмот, па добро би било во текот на денот да испешачите или да имате некоја физичка активност со која ќе се испотите.




Бидејќи ќе исфрлите многу течности од телото, потребно е да се хидрирате малку повеќе од вообичаено. Исто така, обидете се да не внесувате многу сол, бидејќи солта ќе ја задржи водата и ќе го стопира процесот на чистење.




Сокот се пие една до две чаши на ден, а остатокот се складира и се чува во фрижидер до конcyмација, до следниот ден. Се зема секогаш на гладен стомак, значи наутро и навечер, или помеѓу оброците кога немате храна во желудникот. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: сок од 1 лимон, 2 краставици (ако се мали тогаш 4), свеж корен од ѓумбир со големина на палец (околу 3 см), 10 листови свежо нане, 700 мл вода. ПОСТАПКА: Ако краставичките се органски тогаш не ги лупите, само отстранете им ги краевите.




Во спротивно, излупете ги и исечкјате ги на тркалца. Ѓумбирот излупете го, па и него исечкајте го. Спстојките ставете ги во блендер, додајте ги листовите нане, свежо исцедениот сок од лимон и малку вода. Измиксајте со постепено додавање на водата додека да добиете изедначена смеса. Процедете и складирајте во стаклено шише.