Докторката Викторија Семјонова е познат експерт за природно лекување, а оваа прилика таа го сподели својот рецепт за радикално чистење на цревата.

Според нејзините зборови, тој е толку моќен и толку добро ги исфрла отровите од телото, што со редовна консумација дури може и да се пречи рак.

Според неа, важниот фактор е тоа што најголем број отрови се таложат во цревата, а поради тие токсини во телото се развиваат малигни болести.

Потребни состојки:

500 г морков
500 г цвекло
1 шака суви кајсии
1 шака суво грозје
1 лажица мед

Постапка:

Зеленчукот ситно исечкајте го и ставете го во неоштетен емајлиран сад. Прелијте го со зовриена вода, да има два прста над зеленчукот. Додадете по една шака сечкани суви кајсии и суво грозје.

Тенџерето ставете го на оган за да зоврие водата. Штом зоврие, тргнете го тенџерето од рингла.

Кога малку ќе излади, додадете една лажица мед и оставете да отстои поклопено 12 часа на ладно и суво место. Потоа течноста добро процедете ја, складирајте во стаклени садови и чувајте во фрижидер.

Течноста се пие, а остатокот може да го искористите за приготвување на јадења.

Примена:

Оваа количина ќе ви биде доволна за два дена. Пијте по половина чаша (100-150 мл) трипати дневно пред оброк.

Чистењето на цревата со помош на овој рецепт би требало да трае еден месец. После тој период, цревата ќе бидат препородени. Оваа течност е корисна за лекување на рак, но и како превенција од канцер.

За најдобар ефект на овој природен лек, идеално би било сите состојки да бидат од органско потекло.