Рецепт и видео-подготовка на Том Филос. Порано речиси во секој дом се приготвуваше оваа пита со праз која има одличен вкус и мирис.
Потребни состојки: 300 мл вода, 50 мл масло, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 10 г сув квасец, 600 г брашно. Питата се приготвува во тркалезен калап/тепсија 30 см. За фил: 2-3 страка праз+масло за запржување, 2 јајца и 500 г сирење (видот на сирењето е по ваша желба).
Постапка: Празот ситно исечкајте го, па запржете го во малку загреано масло. Тргнете го на страна да се олади, а потоа додадете две јајца и 500 г дробено сирење. Промешајте за да се изедначи содржината. Во подлабок сад ставете 300 мл вода, 50 мл масло, 1 лажичка сол, 1 лажичка шеќер, 10 г сув квасец.
Промешајте убаво за да се соединат состојките. Во течните состојки постепено започнете да го додавате брашното. Мешајте постојано додека да се згусне со лажицата, а потоа продолжете да месете со рака и убаво изработе го тестото за да добие еластичност.
Потоа тестото префрлете го на работна површина и месете го додека да стане мазно и еластично. Формирајте топка, па поделете го на четвртини. Една четвртина поделете ја на две осмини (вкупно добивате 3 четвртини и 2 осмини). Една четвртина тесто формирајте ја во топка.
Потоа развлечете ја во тркалезна кора (прво со оклагија, а потоа со прсти) малку поголема од тепсијата, па ставете ја како основа со ивиците да висат надвор (погледни видео). Намастете ја со масло, а врз неа нанесете втора развлечена кора, но овојпат ставете ја малку гужвано. Рамномерно распоредете половина од филот.
Развлечете едно од помалите (осмина) теста, а кората нанесете ја врз филот. Распоредете го остатокот од филот, а одозгора ставете ја кората развлечена од второто помало тесто. Последната кора нанесете ја одозгора брановидно и затворете ја со ивиците на првата кора (погледни видео).
Одозгора наросете ја со масло, покријте ја со проѕирна фолија и оставете да стасува 20 минути на собна темоература. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 220 степени, околу 20-25 минути, додека убаво да зарумени. Врелата пита испрскајте ја со малку вода и покријте ја со влажна крпа додека да подизлади. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: