Гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ изненади многумина со својот најнов совет, но тој тврди дека она што го кажува е научно засновано. Изненадувачката и несекојдневна комбинација кој тој ја предлага, за многумина е неприфатлива, а станува збор за кафето и ракијата.




Препораките од Светската здравствена организација и натаму се да не се мешаат кафе и а лкохол, но и покрај тоа д-р Војо советува поинаку, пишува НМД.мк

Гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ беше гостин во утринската програма на ТВ Прва, каде зборуваше за кафето, за кое вели дека е напиток кој има бројни бенефити за човековиот организам ако се пие во умерени количини. Тој ги презентираше и податоците од новата научна студија, со која многумина изненади.




„Медицинската фондација Кливленд, позната клиника во Кливленд, вели дека кафето го успорува напредокот на цирозата на црниот дроб. Цироза обично се јавува поради ал-кохол, хепатитис, замастен црн дроб, па според оваа студија, ако некој има цироза на црниот дроб, и ако наместо едно кафе зголеми на две кафиња дневно, или повеќе од три, а потоа и пет кафиња на ден, прогресијата на цирозата е забавена за 37 проценти, како резултат на антифиброзното дејство на кофеинот и другите антиоксиданти“.




Д-р Перишиќ исто така истакна дека „кафето е напиток со бројни корисни бенефити за човекот, и дека има многу активни хемиски соединенија, но исто така, важен е и начинот на кој ќе го испиеме кафето и дали нашиот организам ќе ги искористи неговите бенефити“.




Според д-р Војо, кафето треба да се пие со ракија, и оваа негова изјава сите нè изненади, бидејќи познато е дека а лкохолот не смее да се комбинира со кофеин.

Имено, кога а лкохолот се меша со кофеин, кофеинот може да ги маскира/прикрие деп-ресивните ефекти на а лкохолот, и како резултат на тоа, луѓето може да испијат многу повеќе, зголемувајќи го на тој начин ризиот од штетата што може да ја предизвика а лкохолот, пишува НМД.мк




„Кафето треба да се пие со ракија, но треба да се знае како да се пие. Секогаш пред вас треба да има чаша вода, мала шолја кафе и мала чашичка ракија и се пие полека и нешто треба да се јаде“, смета д-р Војо.




„Прво треба да се испијат две или три мали кафиња, пред да влезете во таа етанолска сесија. Водата секогаш се пие после секоја голтка ракија или кафе, за да се разредат кофеинот и ал-кохолот за подобра циркулација.




Потоа оди мала чашичка ракија, и сè така се повторува. За подобро да ги метаболираме малите квантуми етанол кои доаѓаат во малите чашички, се комбинираат овие две работи, но сè во границите на нормалата“, рече д-р Војо.




Д-р Војо исто така истакна дека нешто треба да се јаде.

„Заедно со кафето и ракијата, нешто треба и да се јаде, таа комбинација има поволно влијание врз можноста за сериозно ош-тетување на црниот дроб. Црниот дроб треба да се опорави после седум до десет дена, по што ќе биде како нов.“




Со други зборови, толку е потребно црниот дроб да се опорави по пи-јанството, иако гастроентерологот истакнува дека дејството на кафето и ракијата е добро само ако се дозира.




Повторно нагласувајќи колку добри ефекти има кофеинот врз здравјето, д-р Перишиќ направи регресија и се наврати на претходно споменатата студијата спроведена во Кливленд.




„Фондацијата Кливленд вели дека ако човек со неал-кохолнен замастен црн дроб пие три кафиња на ден, а потоа ќе зголеми на уште две, ризикот од с мрт од цироза на црниот дроб се намалува за 50 проценти.

Не можев да им поверувам на моите очи (кога ги видов резултатите од студијата)! Кофеинот е моќен антиоксиданс, етанолот го уни-тува црниот дроб со своите прооксидантни ефекти.

Затоа, ако пиеме ракија, лошите ефекти би можеме да ги поништиме пиејќи истовремено и кафе“, рече гастроентерологот, повторно нагласувајќи дека многу е важно правилното дозирање. Сепак, оваа негова изјава е контроверзна и не треба да ги охрабрува луѓето да ги комбинираат овие два напитоци, пишува НМД.мк

НАПОМЕНА: Природните лекови на оваа веб-страница служат за да им помогнат на луѓето. Но, секогаш треба да знаете, доколку имате некаков здравствен проблем, треба да бидете под постојан лекарски надзор и да не се потпирате единствено на алтернативната медицина без стручно мислење. Информациите на оваа веб-страница во никој случај не се наменети како медицински совет или како замена за медицински третман.

Изјава за одрекување од одговорност:

Оваа содржина, вклучувајќи ги и советите, дава само генерички информации за здравствените придобивки на одредени природни производи. Ова во никој случај не е замена за квалификувано медицинско мислење. Секогаш консултирајте се со специјалист или со вашиот семеен лекар за повеќе информации. NMD.mk не презема никаква одговорност за овие информации.