Познатиот доктор од Битола во пензија, Никола Видев, кој долги години живееше и работеше во Франција, се огласи на својот фејсбук профил со одлични совети за тоа како да се сочува и зголеми имунитетот, и што е најважно, како најдобро да се заштитиме од вирусот.
Пишува: д-р Видев Никола
“Слушајте ги сите практични и обмислени добронамерни совети за одржување на имунитетот од д-р Олег Торсунов” – вели тој.
Имено, според д-р Торсунов, навечер пред спиење треба да се стави на вратот кромид пресечен на половинки, да се измасира убаво, прво со едното парче, па со другото, а потоа без плакнење да се замине на спиење.
Кромидовиот сок ќе делува преку ноќ. Овој метод особено се препорачува за проблеми со штитната жлезда, но исто така и како превенција од вируси.
Исто така, пресечен кромид се препорачува да се остави во просторијата во која се престојува, бидејќи тој има способност да ги впива вирусите во себе. Следниот ден кромидот треба да се фрли.
Понатаму д-р Видев советува:
-хидроген 3% 10 капки, 3 пати дневно во 100 мл вода
-водата што ќе ја користите за пиење да биде по можност Пролом или Крета
-на 12 часа по 2 капки масло од диво оригано во 1/3 лажица мед
-1/2 мала лажичка сода бикарбона во сок од половина лимон и 100 мл млака вода на 32 степени, да се испие навечер
-придржување на сите останати превентивни мерки
Последица: Нема да сте болни.
Лоша последица: Инфектолозите ќе имаат многу помалку работа и помал ризик да се заразат! Поздрав до сите ФБ фанови и мои пријатели! – Го завршува постот доктор Видев.
Пијте планински чај за да не ви тропне Алцхајмер на врата – советува наш познат лекар во пензија
Планинскиот чај (Sideritis scardica) e повеќегодишно тревесто растение од семејството усноцветни, кое достига до 50 см висина, цвета во јуни – јули. Познат е уште како Пирински чај , Овчарски чај, Шарпланински чај.
Неговите цветови се жолтеникави и се распоредени во форма на прешлени во чашкини ливчиња со боја на лимон, во класовидни соцветија. Лековитите својства на Пиринскиот чај им бил познат на луѓето уште од антички времиња. Една чаша од овој ароматичен пијалак го прави организмот посилен и поотпорен на болести.
Дејствува како природна заштита против бактерии и вируси, ги олеснува воспаленијата, дејствува тонизирачки, закрепнувачки и антианемично. Го намалува кр-вниот притисок, го стагнира развивањето на клетки на рак и др.
Статус на д-р Видев Никола: „SIDERIS EISEN tee (germ.), а кај нас познат како Планински или Галички чај, може да се сретне на Бабуна, но расте и на Кожува, Караџица, Даутица. Го има во соседна Албанија, Грција, на Крит (Крета).
Додека работев во Германија, екипа колеги од Минхен кои испитуваат распространетост на пресенилна деменција, Морбус Алцхајмер, констатираа дека на Крета инциденцата е исклучително ниска. Причината за ова е следна: мештаните од овој остров наместо кафе пијат Сидерис Планински чај.
На обдук-циите ретко и малку се откриваат плаки на амилоид во кората на мозокот, а ова сознание поттикнало да се истражува и експериментира со глувци. Најпрво глувците ги истренираа ставајќи ги во вода за да пронајдат спас од да-ве-ње со ставање на плута во кадата.
Потоа ги разболеа давајќи им вино наместо вода, па обучените глувци се да-веа ставени во водата не знаејќи дека можат да се спасат ако се качат врз островчињата од плута. На ваквите дементни глувчиња им понудија разновидна храна за да откријат за која ќе се одлучат.
Глувчињата одбираа да грицкаат планински чај, по што памтењето им се враќаше и повеќе не се да-веа. Тогаш јас запрашав: „Зошто не им се дава на болните од Алцхајмер да оздравуваат?“ А тие ми одговорија: „Затоа што не се глувци!“
Но, Крета има доказ дека не се остарува со губиток на сивата маса на мозокот доколку се пие планински чај. Потоа, англиски колеги открија дека во домовите за стари лица имало деведесетгодишни поединци кои не добивале Алцхајмерова деменција. Тие биле ревматичари кои редовно примале Ипробуфен (ибупрофен).
На тој начин се откри дека Алцхајмеровата болест е всушност воспаление на глија клетките во мозокот и нивна замена со амилоидни наслаги против воспалителното дејство на чајот спречува воспаление на сврзноткивните клетки во мозокот.
Кај нас некои велат: „Не сум болен за да пијам чај“. Да, точно, овој чај помага за олеснување на болести на дишните патишта, но и за други воспаленија. Но, оној критскиот чај е добра превентива против стра-шното пусто-шење на разумот. Вкусен е и пријатен.
Уште еден совет: не се пресолувајте со рафинирана сол кога појадувате или ручате. За да не ви се качува притисокот консумирајте хималајска или кристална морска сол…“, советува д-р Видев, кој веќе 10-тина години е во пензија.
Чудотворниот чај од Галичица
Планинскиот чај од Галичица, го нарекуваат и Шарпланински чај (Sideritas scardica) е ендемска билка од балканскиот регион за чии лековити својства многу малку се знае. Овај чај го употребувале и Старите Грци за лекување рани а денес се употребува како лек против сите воспалителни процеси во организмот.
Д-р Александра Кониќ Ристиќ од Центарот за истражување на исхрана и метаболизам од Белград се занимава со проучување на оваа лековита билка за која вели дека е вистинска ризница на здравје и долговечност.
Билка на долговечноста
Планинскиот чај од Галичица (Sideritas scardica) обилува со биоактивни состојки меѓу кои најважни се diterpenoidi,flavonoidi и етерични масла. Чајот е најделотворен во борбата против настинките и грипот, при алергии, тешкотии во дишењето и јакнење на имунитетот. Исто така ја намалува напнатоста и го регулира варењето.
Во најновите сознанија од Центарот за истражување на исхрана и метаболизам и Институтот за лековити билки, научниците се на добар пат да докажат дека овој чај спречува лепење на тромбоцитите кај луѓе со покачени маснотии во кр-вта што може да доведе до создавање тромбови, шлог или инфар-кт – вели д-р Александра Кониќ Ристиќ и додава дека треба да се почитува упатството за подготовка за целосно искористување на активните состојки на чајот:
Една лажичка издробен чај (или едно гранче) ставете во 200 мл зовриена вода, поклопено оставете 20 минути и процедете го.
Планински чај
Планински чај (науч. Sideritis scardica) — едногодишна билка, која расте на високите планини на Балканскиот Полуостров. Позната е во народната медицина по своите лековити својства. Латинското име доаѓа од грчкиот збор за железо Sidiros и латинскиот назив за Шар Планина Scardus.
Расте на поголема надморска височина во суви предели, на песоклива почва, на карпи или карпести пукнатини. Цвета од јуни до август во зависност од регионот и надморската виснина. Во различни региони виреат разни подвидови познати под повеќе имиња: шарпланински чај, пирински чај, овчарски чај, итн.
Најмногу го има на високите планински пасишта најчесто на висина над 1500 метри н.в. Може да се одгледува и во вештачки услови во алеи со песок, или масовно да се сади на планинските пасишта. Постојат неколку слични видови од истиод род за кои не е јасно дали се посебни видови или подвидови.
Бидејќи билката расте во изолација во високите планинските предели, и монгу често секој вид/подвид е ендемски за таа планинска верига. Кај нас е познато дека чајот што се бере на Галичица е малку различен на вкус и изглед од тој на Шара и Бистра. Исто така може да се најде на осторовите во Егејското Море, најмногу на Крит.
Употреба
Планинскиот чај е високоценета билка во народната медицина. Се употребува како универзален лек против настинки, грип и за целокупно јакнење на имунолошкиот систем. Научните истражувања покажуваат дека е богат со антиоксиданси и може да се користи за превенција и борба против рак. Исто така докажано е дека делува против бактерии и воспаленија, а може да се користи и како алтернативен лек против остеопороза.
Растението со своите лековите својства било познато уште од античко време. Со популаризацијата на алтернативната медицина, станува сè попопуларно поради своите анти-канцерогени својства. Во Грција е брендиран и заштитен како „грчки планински чај“ и се извезува на големо како билошки здрава храна и алтернативен лек.
Кај нас сè помалку може да се најде на планините. Дивите берачи го берат во големи количини, уште пред целосно да расцвета. Се продава исушен во снопчиња по пазарите, и сè повеќе се одгледува во вештачки услови.