На пациентите кои прележале пневмонија поради kopoна вирус им е потребен подолг период за да закрепнат, а тоа подразбира мирување, квалитетна исхрана и вежби за дишење.
После инфекција со kopoна вирус на белите дробови им е потребен долг опоравок. Овој вирус кај многумина предизвикува воспаление, кое кај некои пацинети за жал остава лузни на белодробното ткиво и значително го успорува закрепнувањето после инфекцијата.
Затоа е важно лицата непосредно после болеста да мируваат и да водат сметка за исхраната.
-Кај пациентите со ковид пневмонија, освен терапијата важна е и хидратацијата, како и кај другите инфекции. Зголемената температура и потењето можат да доведат до губиток на вода во организмот.
Се препорачуваат чаеви, вода, солени супи, обична вода, млеко, но не би требало да се консумираат газирани пијалаци. Потребни се околу 2 литри течности дневно – вели д-р Татјана Радосављевиќ, пулмолог за Е-Клиника.
Дали ако клиничката слика му дозволува, болниот смее да стане и да прошета по дома…
Со оглед на тоа дека koвид 19 е веќе препознат како системска болест, во почетокот не може да се знае дали освен белите дробови е зафатено и срцето.
Од друга страна, кај многу пациенти постои и зголемена склоност кон создавање на тромбови што е поврзано со зголемен Д димер. Самата болест од трета страна е проследена со огромен умор и зголемена температура.
Затоа се советува мирување, движење по дома, но никако поголеми физички напори. Дури и кога ќе помине активната фаза на болеста, физичкиот напор не се препорачува, туку треба дозирано да се започне со лесни прошетки, толку колку што организмот дозволува.
Не треба пациентот да се форсира “за да види колку може да издржи”, бидејќи тоа не е добро ниту за белите дробови, ниту за срцето.
Кои се тие вежби кои им се препорачуваат? И како изгледаат?
Она што се препорачува се лесни вежби за дишење, со кои можете да почнете доста рано. Целта на овие вежби е да се шири градниот кош, а потоа и белите дробови за да дојде до нив што поголема количина крв и побрзо да оздрават.
Исто така, со длабокото и лесно дишење се вентилираат и најситните делови на белите дробови. Многу добро се покажува примената на мали рачни апарати.
Кога пациентот смее да излезе надвор? Колку смее да трае прошетката?
Пациентот може да излезе надвор откако ќе заврши периодот на изолација и кога ќе заврши акутната фаза на болеста. Траењето на прошетката зависи од самиот организам и не треба да се форсира.
Како треба да се храни пациентот после прележаната ковид пневмонија, дали сурутката навистина има ефект?
Лично се залагам пациентот да се храни со квалитетна храна, богата со цинк пред сè. Кај нашиот народ е сосем оправдано што со векови се застапени козји производи кои поволно делуваат на белите дробови.
Што се однесува до сурутката, без разлика дали станува збор за козја или кравја, таа е одлична храна која може да го опорави црниот дроб. Кај голем број пациенти во текот на koвид доаѓа до пораст на параметрите на црнодробните функции, од една страна, а од друга страна силните антибиотици кои се даваат во текот на лекувањето се метаболираат преку црниот дроб. Затоа, добро е да се зема сурутка која ја има и во прав.
Потребно е доколку не се дијабетичари, пациентите да земаат мед, матичен млеч, перга. Секако, доста овошје и зеленчук им се препорачува на сите.
Суплементите можат да се земаат исто така во период на реконвалесценција, освен витамин Д кај кој е потребно повремено да се провери нивото во крвта, да не би дошло до хипервитаминоза.