Д-р Војислав Перишиќ вели дека треба да водиме сметка околу внесот на овој витамин. Најдобро би било витаминот Ц да се обезбеди преку овошјето, наместо преку суплементи.
За значењето на витамините и дали суплементите можат да ги заменат природните извори на хранливи материи, како и за тоа што е потребно за да се зајакне имунитетот, говореше проф.д-р Војислав Перишиќ гостувајќи неодамна во утринската програма на ТВ Прва.
Еве како тој го коментира податокот дека продажбата на суплементи во однос на 2019. во 2020. пораснала за 90%:
“Порасна продажбата на суплементите, а не на овошјето и зеленчукот. Да разјасниме, суплементите може да бидат витамини, минерали и невитамински и неминерални материи. Витамините може да бидат растворливи во вода или масти.
Во првата група спаѓаат витамините од групата Б, од Б1 до б12 и кај нив не постои можност од предозирање, бидејќи се раствораат во телесните течности и се измокруваат.
Голема доза од витамин Ц може да предизвика раст на кр-вниот притисок”, вели д-р Перишиќ и напоменува дека е доволно да изедеме едно јаболко, еден портокал или едно киви дневно, за да бидеме “подмирени” и тогаш не постои потреба за суплементација.
“Ако за салата пред главниот оброк имаме уште и порција од кисела зелка, ние сме потполно суплементирани и не ни е потребна дополнителна доза од витамин Ц за да ни го покачи притисокот. Повеќе од 1 г витамин Ц не треба да влезе во организмот.
Ако земеме повеќе, може да ни се зголеми притисокот, ќе имаме болки во стомакот и долгорочно гледано – ќе имаме камења во бубрезите” – изјави докторот.
Многу е подобро витаминот Ц на телото да му се обезбеди преку внес на овозшје и зеленчук, а не преку суплементи, со ова се сложуваат сите лекари. Меѓутоа, доколку консумирањето на свежо овошје и зеленчук не е редовна навика или е недоволна, во секој случај недостигот на витамините треба да се надополни преку суплементација.
Да се потсетиме што вели официјалната наука за ВИТАМИН Ц, каков е овој витамин, каква е неговата фунција, во кои дози е безбеден да се внесе во организмот и во кои намирници се содржи најмногу.
Витаминот Ц е растворлив во вода и неопходен е за нормален раст и развој.
Преостанатите количини на витаминот го напуштаат телото преку урината. Тоа значи дека е потребно негово континуирано снабдување преку исхраната.
Извори од храната
Сите овошја и зеленчуци содржат одредени количини на витамин Ц. Овошје со највисока содржина на витамин Ц: агруми и сокови, како на пример портокал и грејпфрут, киви, манго, папаја, ананас, јагоди, малини, боровинки, брусница, лубеница.
Зеленчук со највисока содржина на витамин Ц: брокула, прокељ, карфиол, зелена и црвена пиперка, спанаќ, зелка, репка и други лиснати зеленчуци, благи и бели компири, домати и сок од домати, зимска тиква. Најдобри извори на витамин Ц се свежо овошје и зеленчук.
Функција. Витаминот Ц е потребен за раст и репарација на ткива во сите делови на телото. Тој се користи за: формирање на важен протеин што се користи за изградба на кожата, тетивите, лигаментите и крвните садови; зацелување на рани и формирање на лузна; за репарација и одржување на `рскавицата, коските и забите.
Витаминот Ц е еден од многуте антиоксиданси и тој блокира некои од оштетувањата предизвикани од слободните радикали. Ова може да го намали ризикот за рак и можеби дури и да го забави процесот на стареење.
Слободните радикали се создаваат кога вашето тело ја разградува храната или кога сте изложени на чад од тутун или зрачење. Создавањето на слободните радикали со текот на времето е во голема мера одговорно за процесот на стареење.
Слободните радикали може да играат улога во настанувањето на ракот, срцевите болести и одредени состојби, како што е артритисот. Телото не е во можност само да произведува ниту да складира витамин Ц. Затоа е важно во дневната исхрана да се вклучат многу намирници кои содржат витамин Ц.
Витаминот Ц го скратува времетраењето на обичната настинка и таа може да се одвива со поблаги симптоми. За ова да се постигне, витамин Ц треба да се внесе пред да се стекне вирусот на обичната настинка.
Витаминот Ц ги сузбива сите вируси
Ако страдате од замор, мускулна слабост, болки во зглобовите и мускулите, ако имате кр-вавење на непцата или осип на нозете, тогаш сигурно вашиот организам има дефицит од Витамин Ц.
Како Витаминот Ц ги спречува болестите и ги сузбива вирусите?
Експертот за Витамин Ц, д-р Томас Леви вели дека тоа е силен оксидант кој по потреба може да додава или одзема од своите електрони. Од друга страна, токсинот, инфекцијата или било кој друг предизвикувач на медицински симптом во телото е резултат на оскидативен стрес , односно, недостаток од електрони.
Ова е многу едноставно објаснето – ако на телото му недостигаат електрони – тоа ќе се разболи. Ова е најлесниот начин да се разбере зошто здравата исхрана богата со овошје и зеленчук (содржат големи количини витамин Ц) – ни помага во спречување на болестите.
Консумирањето на доволно антиоксиданси и витамин Ц, ги спречува сите воспаленија кои би можеле да настанат и да се развијат во некоја дегенеративна болест, вкучувајќи го и ракот. Виаминот Ц може да го прочисти телото од олово, да ги сузбие канцерогените клетки и многу повеќе.
Според работата на Линус Паулинг Институтот, терапијата со витаминот Ц се покажала како многу ефикасна во лекувањето на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Општо земено, Линус Паулинг препорачува како превенција да се јадат секојдневно големи количини овошје и зеленчук со кои би се обезбедиле околу 200 мг витамин Ц дневно.
Доколку станува збор за некоја хронична болест, оваа количина треба да се зголеми.
Истражувањата покажале дека и минималната доза од 10 мг дневно може да го елиминира скорбутот. Природно, потешките болести бараат поголеми количини од витамин Ц, но главната поента е дека болестите како што се коронарна срцева болест, дијабетес, гихт, висок кр-вен притисок и мозочен у-дар, може да се третираат со витамин Ц- терапија.