Следниот пат кога ќе одите во месарница, купете вакво парче месо – преполно е со витамин Д, советува попу-ларниот доктор Перишиќ кој гостуваше во утринската емисија на ТВ Прва.
Професорот доктор Војислав Перишиќ беше гостин во утринската емисија на ТВ Прва и говореше за здравата исхрана, суплементацијата и особено го нагласи податокот за тоа во кое месо се содржи најмногу витамин Д.
Доколку сакаме да се храниме избалансирано и здраво, а сепак евтино, прочитајте ги во продолжение неговите препораки. Гастроентерологот во претходните гостувања објаснуваше како треба да се маринира месото за да биде најздраво.
„Сите сакаме за ручек да имаме по парче месо во чинијата. Наместо парче месо, истото можеме да го замениме и со соја, но јас ете, не ја сакам сојата. Еве, ќе ви кажам, најквалитетното месо кога ќе влезете во некоја американска месарница е всушност говедското месо.
Тамошните експерти најмногу го ценат говедското месо. Не телешкото, не јунешкото. Зошто? Многу е црвено, а тоа говори дека содржи висок процент на железо, а каде има железо, таму има и цинк“, објасни професорот.
Д-р Перишиќ објасни на што најмногу треба да се обрати внимание:
„Кога ќе купувате говедско месо, честопати може да забележите бел слој од масно ткиво, но знајте дека оваа маст е здрава, бидејќи содржи многу витамин Д“, објасни докторот и додаде дека вегетаријанците имаат чест проблем со недостиг на витамин Д, цинк и железо.
„Пред некое време читав дека приближно 40% од вегетаријанците во Велика Британија имаат дефицит на цинк. А потребни ви се само 10 милиграми дневно, а тоа се само 20 г месо“ – рече проф. Перишиќ. Доколку сакате да прочитате и други негови совети, прочитајте ја следната статија:
Д-р Перишиќ тврди: Преголема количина на витамин Ц може да доведе до некои здравствени проблеми
Д-р Војислав Перишиќ вели дека треба да водиме сметка околу внесот на овој витамин. Најдобро би било витаминот Ц да се обезбеди преку овошјето, наместо преку суплементи.
За значењето на витамините и дали суплементите можат да ги заменат природните извори на хранливи материи, како и за тоа што е потребно за да се зајакне имунитетот, говореше проф.д-р Војислав Перишиќ гостувајќи неодамна во утринската програма на ТВ Прва.
Еве како тој го коментира податокот дека продажбата на суплементи во однос на 2019. во 2020. пораснала за 90%:
„Порасна продажбата на суплементите, а не на овошјето и зеленчукот. Да разјасниме, суплементите може да бидат витамини, минерали и невитамински и неминерални материи. Витамините може да бидат растворливи во вода или масти.
Во првата група спаѓаат витамините од групата Б, од Б1 до б12 и кај нив не постои можност од предозирање, бидејќи се раствораат во телесните течности и се измокруваат.
Голема доза од витамин Ц може да предизвика раст на кр-вниот притисок”, вели д-р Перишиќ и напоменува дека е доволно да изедеме едно јаболко, еден портокал или едно киви дневно, за да бидеме “подмирени” и тогаш не постои потреба за суплементација.
“Ако за салата пред главниот оброк имаме уште и порција од кисела зелка, ние сме потполно суплементирани и не ни е потребна дополнителна доза од витамин Ц за да ни го покачи притисокот. Повеќе од 1 г витамин Ц не треба да влезе во организмот.
Ако земеме повеќе, може да ни се зголеми притисокот, ќе имаме болки во стомакот и долгорочно гледано – ќе имаме камења во бубрезите” – изјави докторот.
Многу е подобро витаминот Ц на телото да му се обезбеди преку внес на овозшје и зеленчук, а не преку суплементи, со ова се сложуваат сите лекари. Меѓутоа, доколку консумирањето на свежо овошје и зеленчук не е редовна навика или е недоволна, во секој случај недостигот на витамините треба да се надополни преку суплементација.
Да се потсетиме што вели официјалната наука за ВИТАМИН Ц, каков е овој витамин, каква е неговата фунција, во кои дози е безбеден да се внесе во организмот и во кои намирници се содржи најмногу.
Витаминот Ц е растворлив во вода и неопходен е за нормален раст и развој.
Преостанатите количини на витаминот го напуштаат телото преку урината. Тоа значи дека е потребно негово континуирано снабдување преку исхраната.
Извори од храната
Сите овошја и зеленчуци содржат одредени количини на витамин Ц. Овошје со највисока содржина на витамин Ц: агруми и сокови, како на пример портокал и грејпфрут, киви, манго, папаја, ананас, јагоди, малини, боровинки, брусница, лубеница.
Зеленчук со највисока содржина на витамин Ц: брокула, прокељ, карфиол, зелена и црвена пиперка, спанаќ, зелка, репка и други лиснати зеленчуци, благи и бели компири, домати и сок од домати, зимска тиква. Најдобри извори на витамин Ц се свежо овошје и зеленчук.
Функција. Витаминот Ц е потребен за раст и репарација на ткива во сите делови на телото. Тој се користи за: формирање на важен протеин што се користи за изградба на кожата, тетивите, лигаментите и кр-вните садови; зацелување на р ани и формирање на лузна; за репарација и одржување на `рскавицата, коските и забите.
Витаминот Ц е еден од многуте антиоксиданси и тој блокира некои од оштетувањата предизвикани од слободните радикали. Ова може да го намали ризикот за рак и можеби дури и да го забави процесот на стареење.
Слободните радикали се создаваат кога вашето тело ја разградува храната или кога сте изложени на чад од тутун или зрачење. Создавањето на слободните радикали со текот на времето е во голема мера одговорно за процесот на стареење.
Слободните радикали може да играат улога во настанувањето на ракот, срцевите болести и одредени состојби, како што е артритисот. Телото не е во можност само да произведува ниту да складира витамин Ц. Затоа е важно во дневната исхрана да се вклучат многу намирници кои содржат витамин Ц.
Витаминот Ц го скратува времетраењето на обичната настинка и таа може да се одвива со поблаги симптоми. За ова да се постигне, витамин Ц треба да се внесе пред да се стекне вирусот на обичната настинка.
Витаминот Ц ги сузбива сите вируси
Ако стра-дате од замор, мускулна слабост, болки во зглобовите и мускулите, ако имате кр-вавење на непцата или осип на нозете, тогаш сигурно вашиот организам има дефицит од Витамин Ц.
Како Витаминот Ц ги спречува болестите и ги сузбива вирусите?
Експертот за Витамин Ц, д-р Томас Леви вели дека тоа е силен оксидант кој по потреба може да додава или одзема од своите електрони. Од друга страна, ток-синот, инфекцијата или било кој друг предизвикувач на медицински симптом во телото е резултат на оскидативен стр ес , односно, недостаток од електрони.
Ова е многу едноставно објаснето – ако на телото му недостигаат електрони – тоа ќе се разболи. Ова е најлесниот начин да се разбере зошто здравата исхрана богата со овошје и зеленчук (содржат големи количини витамин Ц) – ни помага во спречување на болестите.
Консумирањето на доволно антиоксиданси и витамин Ц, ги спречува сите воспаленија кои би можеле да настанат и да се развијат во некоја дегенеративна болест, вкучувајќи го и ракот. Виаминот Ц може да го прочисти телото од олово, да ги сузбие канцерогените клетки и многу повеќе.
Според работата на Линус Паулинг Институтот, терапијата со витаминот Ц се покажала како многу ефикасна во лекувањето на многу болести, вклучувајќи го и ракот. Општо земено, Линус Паулинг препорачува како превенција да се јадат секојдневно големи количини овошје и зеленчук со кои би се обезбедиле околу 200 мг витамин Ц дневно.
Доколку станува збор за некоја хронична болест, оваа количина треба да се зголеми.
Истражувањата покажале дека и минималната доза од 10 мг дневно може да го елиминира скорбутот.
Природно, потешките болести бараат поголеми количини од витамин Ц, но главната поента е дека болестите како што се коронарна срцева болест, дијабетес, гихт, висок кр-вен притисок и мозочен у-дар, може да се третираат со витамин Ц- терапија.
Ако ова го јадете додека постите, тоа е како да сте изеле 10 ќебапи: Совети од лекар за сите кои постат. Д-р Воислав Перишиќ објасни како правилно да се пости!
Гастроентерологот д-р Воислав Перишиќ беше гостин во ТВ Прва и зборуваше за правилата на постот. Популарниот гастроентеролог претходно објасни што го претвора кафето во о-тров и кој е најздравиот чај, а овојпат зборуваше за намирници кои можат да заменат речиси сè од она што се откажуваме за време на постот.
Како прво, постот не е само телесен, рече д-р Перишиќ и објасни кој не треба да пости.
„Ја проверувам границата помеѓу телото и душата, сакам да разговарам со духовни лица, а еден владика ми рече дека постот е воедно и физички и духовен. Ако не е едниот или другиот, ако некој пости само во храната, а не и во мислите, тогаш тоа не е тоа.
Го замолив владиката да ми го испрати сето тоа преку е-пошта, а тој ми објасни: деца, бремени жени, болни, доилки и оние кои работат тешкофизички работи, можат да го замолат својот духовник за да ги разреши од постот. Сите други мора да постат“, ми рече тој.
“Смислата на постот е воздржување, но не на штета на здравјето. Би зеле уште нешто што ви годи, но не смеете. Но, духовното здравје е од многу голема важност, доколку тој дел од постот не е исполнет, тогаш постот е бесцелен“, објасни тој.
Првата и последната недела се на вода, колку е здраво тоа?
“Како може да не е здраво! Нема масти, нема животински протеини, но ве молам, ќе го надоместиме со растителни протеини. Земете авокадо, толку е полно со здрави масти, едно парче е како да сте изеле десет ќебапи, секој трети ден земајте по толку.
Точно дека е скап, но вреди да се инвестира во здравјето. Печурки, соја, леќа, грашок, боранија, сето тоа е преполно со протеини. Постојат начини да се компензира внесувањето на протеини и масти. Витамините и минералите, исто така”, објасни тој.
Посните рецепти можат да бидат и вкусни и здрави, а д-р Перишиќ наведе неколку од нив.
“Еден одличен појадок, е да речеме, тврдо варена палента исечена на парчиња, со зеленчук, кечап, домати, оригано, маслинки и печурки. Премногу е вкусно! Или како ужинка, полнети јаболка со ореви. Мислам, кога се пости, мора да да се размислува што ќе јадеме, да планираме, да им угодиме на нашите најмили. Постот не е нималку наивна работа, тоа е многу деликатно. Потребно е духовно ангажирање, зближување кон своите и со Бога. Не го лишувајте вашето семејство”, рече тој.
Суштината на постот, со цел да се остане здрав и да се има доволно енергија, е умереноста.
“Не прејадувајте се. Умереноста е клучна. Не плашете се дека ќе останете гладни, па затоа јадете претерано. Оброците мора да се дозираат, тоа е чист психолошки феномен. Првото чувство на ситост – и стоп, кралски галии! Па, за два часа, може уште еден оброк. Хормоните на глад ќе го регулираат чувството на ситост, кога ќе сигнализираат дека е доволно, треба да престанеме“, советуваше тој.
Колку е важно да не се прескокнуваат оброците?
“Многу е важно, гликогенот во црниот дроб ја регулира гликемијата околу 45 минути, после тоа трошиме масти и мускули. Е, тоа не смееме да го правиме толку многу! Мора да јадеме за да бидеме сити, но да не грицкаме цел ден” рече тој.
„Како лекар, ќе ви кажам дека кој не мора, кој не треба да пости, но со одобрение и согласност од свештенството. Здравствените причини се утврдуваат со препорака на лекар, никој на кој не му е потребно и кој би можел да си го загрози здравјето, не би требало да пости. Треба да постои интеракција на психата, лекарите, духовникот и свештениците”, заклучи тој.