Познатиот професор и доктор од Инфективна клиника, Нико Беќаровски, кој често своите ставови ги изнесува на социјалните мрежи, вчера во статус на Фејсбук, напиша:
Почитувани колеги,
Ако Лекарската Комора не излезе со јасен став околу повторното предавство од страна на Здравствените синдикати (второ во рок од четири месеци) кон докторите од јавното здравство, време е за НЕЗАВИСЕН ДОКТОРСКИ СИНДИКАТ ВЕДНАШ !!! Да има кој да ги брани докторските интереси.
И д-р.Љубиша Каранфиловски и д-р Предраг Серафимовски веќе не можат и не смеат да преговараат во име на докторите.
Сѐ што претходно д-р Дејан Ставриќ и д-р Горан Беговиќ створија, овие за 4 месеци го распродадоа.
Во САД просечната годишна плата на судиите е 248.000$, на докторите 298.000$, во Македонија просечната судиска плата е 2.5 просечни докторски !!!!