„Денес сакам да се осврнам на влијанието што го има лукот кај сите оние луѓе со покачена урична киселина, која како последица предизвикува гихт или каменчиња во бубрезите“, вели д-р Марио Лабудовиќ.




Овие состојби предизвикуваат различни тегоби кај луѓето со што значително ги отежнуваат секојдневните функции. Гихтот најпрво се појавува во ножните зглобови (особено палечниот зглоб) и во рачните зглобови, но генерално може да направи проблем во кој било зглоб од телото.




Сите оние луѓе пак, кои имаат бубрежни каменчиња, многу добро им е познато што се случува кога тие ситни камчиња ќе се придвижат низ каналчињата и колку б олно е тоа. Како што напоменав на почетокот, сите овие состојби настануваат поради присуство на прекумерна урична киселина во организмот.




Уричната киселина се движи низ к рвта во целото тело, а потоа се таложи во зглобовите. За среќа, со правилна исхрана и правилен избор на намирници, може да се спречи појавата на гихт и бубрежни камења, но исто така и да се намали нивото на уричната киселина.




Една од намирниците која може во тоа да помогне, е вашиот омилен зеленчук, а тоа е лукот. Покрај лукот, исто така доста поволно делуваат и следниве намирници: брокула, кељ, батат-сладок компир, тиквички, морков и кромид.




Потребно е да се користат намирници кои содржат многу малку пурини, а да се одбегнуваат оние кои во себе имаат присуство на голема количина од истите. Уричната киселина е краен продукт односно отпадок при разложување на пурините (нуклеотидите) кои се внесуваат преку храната, а се исфрлаат преку бубрезите и урината.




Кога телото произведува премногу урична киселина или кога бубрезите не можат да го исфрлат вишокот, доаѓа до хиперурикемија и со текот на времето овој вишок почнува да се таложи во зглобовите во вид на остри кристали или камчиња во бубрезите. И едната и другата состојба предизвикува исклучително б олни симптоми.




Како превенција од настанок на гихт и камења во бубрези, но и како лек, потребно е често да се конcyмира лук во негова сирова форма. Пред употреба, потребно е ситно да се исечка и да се остави неколку минути за да ја ocлободи супстанцијата наречена алицин“, вели д-р Марио. Лукот има силно антиинфламаторно дејство и одлично пкмага кај овие состојби.




Рецепт: Мартин Најдовски, Лек за реума и гихт со сапун, проверен мевлем

За читателите на НМД билкарот Најдовски денес сподели еден многу ефикасен рецепт за лекување на реума и гихт. Сè што ве интересира во врска со подробностите околу приготвувањето на лекот, можете да го прашате на неговата фан страница Лилма.

Потребни состојки: 200 грама домашен селски сапун, 200 мл ракија комова, 200 грама домат без семки.




Постапка: Сапунот се ренда, се додаваат доматот и ракијата, па заедно се блендираат додека да се добие кашеста смеса. Со овој мевлем се масира болното место 2-3 пати во текот на денот. Се чува во соодветен сад во фрижидер.