Д-р Марио Лабудовиќ препорачува еден одличен напиток кој треба да се пие еден ипол час пред спиење, а ќе помогне во подобрување на квалитетот на спиењето. Исто така, ќе овозможи забрзување на метаболизмот со што ќе се забрза и разложувањето на масните наслаги, а особено во пределот на стомакот.
Меѓу другото, ќе поттикне зајакнување на имунолошкиот систем, подобрување на работата на кардиоваскуларниот систем и подобрување на функцијата на мозокот, а сето тоа благодарение на две многу важни состојки кои влегуваат во составот на овој напиток.
Станува збор за цејлонски цимет и куркума. ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 200 мл млеко (обично кравјо или козјо, а може и растително како што е бадемово, оризово или соино), 1/2 мала лажичка цејлонски цимет, 1/2 мала лажичка куркума во прав и 1 мала лажичка мед.
ПОСТАПКА: Загрејте го малку млекото, да биде топло или млако, но не смее да зоврие. Потоа додајте половина лажичка цејлонски цимет (цејлонскиот има полековити дејства) и половина лажичка органска куркума во прав.
Мешајте го напитокот на многу тивок оган околу три-четири минути додека состојките да се растопат и растворат во млекото (да нема грутчиња). Потоа ова млеко тргнете го на страна и оставете го поклопено да отстои 10-тина минути.
За тоа време напитокот ќе се олади и ќе се доведе до приближна собна температура, односно ќе биде доволно млако за да може во него да се додаде мед. Додајте една мала лажичка мед и уште еднаш убаво промешајте.
Кога и медот конечно ќе се раствори во млекото, вашиот напиток е спремен за конcyмирање. Овој напиток се пие еден ипол час пред спиење. Истиот напиток можете да си го подготвувате и наутро кога ќе станете.
За сите оние кои се интолерантни на лактоза, може да конcyмираат бадемово млеко кое изобилува со калциум. А доколку не е достапно ниту вакво млеко, едноставно користете топла вода и напитокот пијте го како чај. Како се подготвува домашно природно бадемово млеко прочитајте подолу:
Бадемовото млеко не содржи заситени масти и холестерол, а е богато омега-3 масни киселини кои се многу добри за вашето срце. Поволниот нутритивен состав на бадемовото млеко го прави идеална храна за оние кои сакаат да ја намалат телес-ната те-жина на здрав начин.
Бадемите се богати со витамини и минерали, па бадемововото млеко не мора дополнително да се витаминизира. Бадемите содржат витамин Е, манган, селен, магнезиум, калиум, цинк, железо, влакна, фосфор и калциум. Една чаша бадемово млеко во просек содржи: 60 калории, 1 грам протеини, 1 грам растителни влакна, 200 мг калциум и 180 мг калиум.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 чаша сирови бадеми (несолени, непечени), 4 чаши вода, ½ лажичка екстракт од ванила (кој сака), ¼ лажичка цимет.
ПОСТАПКА: Бадемите ставете ги сад и додајте вода. Оставете ги да отстојат во водата преку ноќ или 8-12 часа. Притоа бадемите ќе омекнат и набубрат, тие се „будат“ и енерги-зираат, а со тоа се олеснува постапката за приготвување на бадемовото млеко.
Потоа процедете ги бадемите од течноста во која киснеле (може и да ги излупите но не мора), ставете ги во бледнер и додајте 4 чаши вода. Миксирајте за време од 1 до 2 минути, додека смесата стане хомогена.
Млекото процедете го низ платнена цедилка, а по желба додајте екстракт од ванила и цимет. Подготвеното бадемово млеко складирајте го во шишиња, чувајте го во фрижидер и искористете го во рок од максимално 3 дена.