Сега веќе сите знаеме како да се заштитиме од заразување со kopoна вирусот: носиме маски, ги миеме често рацете и не ги напуштаме своите домови (со исклучок на оние кои мора да одат на работа).
Kopoна вирусот примарно ги напаѓа белите дробови и го оневозможува снабдувањето со кислород, при што страдаат другите органи, најчесто срцето.
Затоа д-р Евдокименко советува да се зголемува имунитетот и да се јакнат белите дробови. Овој доктор смета дека животинските масти се неопходни за целосно функционирање на белите дробови. Не растителните масти, туку животинските, бидејќи белите дробови се орган кој зависи од мастите.
Доколку организмот не се снабдува со доволно масти, тогаш тој страда – вели докторот. А особено доколку сте на некоја диета која подразбира рестрикција на мастите. Затоа овој доктор советува да јадете 20-30* г путер или маст дневно (1-2 супени лажици).
(*Оние што имаат зголемени масти во крвта, мора да се консултираат со својот лекар).
Доктор Евдокименко советува и јакнење на имунитетот со сок од алое.
Ако се појави кашлица, лекарот вели да ги земете следните состојки во еднакви делови: сок од алое, мед и путер (несолен). Сето заедно да го измешате и ќе добиете смеса која треба да ја јадете по 1 или 2 лажици, трипати дневно. Ова треба да се консумира 3 до 5 дена.
Ако од некоја причина не можете да го користите сокот од алое, тогаш за превенција можете да користите тинктура од женшен.
Познато е дека стравот и стресот го намалуваат имунитетот. Затоа лекарот советува да внесувате помалку негативност во својот живот, да не се вознемирувате од сè што ќе слушнете на вести (или доколку премногу ве вознемируваат, не ги слушајте воопшто) и да се опуштите колку што можете повеќе. Сонот е неопходен, спијте доволно. Здрав сон!
Овој руски доктор вели дека единствено на овој начин може да се разликува грипот од коронавирусот:
Грипот започнува со грозница, болка во зглобови, а потоа болки во грлото и кашлица.
Корона вирусот започнува со болки во грлото 3 до 4 денови, потоа се јавува сува кашлица, недостиг на здив, па дури и недостиг на осетот за мирис.
Доктор Евдокименко дава совети само за превенција и не препорачува сами да се лекувате доколку ги почувствувате првите симптоми на вирусот. Најдобро е веднаш да се консултирате со вашиот лекар, советува тој.
Повеќе совети од д-р Евдокименко слушнете на неговиот јутјуб канал: