ЦРВЕНИ ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО СИРЕЊЕ…Ова е најдоброто нешто што сум го вкусил ова лето…МЕЗЕ ЗА МЕРАК…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
5 црвени пиперки
400 г ситно сирење
100 г рендан кашкава
1 чешне лук, рендано
100 г домати, ситно сечкани
200 г течен јогурт
1/2 китка коријандер или магдонос, ситно сечкан
оригано, црн пипер,
2 лажици маслиново масло,
крем-балсамико оцет за декорација
ПОСТАПКА:
1.Пиперките измијте ги и засечете ги, но не до крај: еднаш близу до дршката и надолжно, така да можат да се отворат, но сепак да останат целосни. Извадете им го семето.
2.Во подлабок сад измешајте го сирењето, кашкавалот, доматите, лукчето, јогуртот, зачините и маслото.
3.Наполнете ги пиперките со приготвената смеса и наредете ги во намастен огноотпорен сад.
Премачкјате ги со масло, посипете ги со оригано и печете ги 30-45 минути во загреана рерна на 200 степени.
4.Послужете ги со сосот што го испуштиле и ималку крем-балсамико. Постапката погледнете ја ОВДЕ.