ЦАРСКА ЧОРБА КОЈА СИТЕ ГИ ЛЕКУВА…Совршена за вкусен оброк набрзина…Многу вкусно јадење…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 главица кромид
1 морков
3 компири
300 г зелка
5 кисели краставички
750 мл – 1 литар зеленчуков булјон (супа)
магдонос, копар, сол, црн пипер
И уште:
100 г кисела павлака/цврст јогурт
100 мл вода
1 лажица брашно
ПОСТАПКА:
1.Во големо тенџере на малку масло запржете го ситно сечканиот кромид. Потоа додајте го морковот исечкан на коцкички и продолжете со динстање. Следни додајте компирите исечени на коцки со големина на залак.
2.Додајте ја ренданата зелка, па киселите краставички исечкани на тркалца и залијте го булјонот. Промешајте, поклопете и доведете до вриење.
3.Додајте ситно сечкан магдонос, намалете го огнот, поклопете и гответе 15-тина минути или додека компирите да омекнат.
4.Додајте ја павлака и брашното растворено во вода. Промешајте и гответе на тивко уште 5 минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.
https://youtu.be/OnfU41dcRNI?si=mHxDuYWB5mWgCZfW