Ова момче има само 18 години и едвај спасил жива глава. Пушел електронски цигари, а сега поради нив не може нормално да живее и да ги прави сите нормални работи што ги прават здравите луѓе.
Ченс Амирата, 18 годишен студент вели дека пушењето електронски цигари за малку ќе го убиело, бидејќи му откажале белите дробови и бил итно опериран.
Минатата седмица ова момче морало да биде оперирано за да се поправи штетата предизвикана од отровните хемикалии на овие модерни направи.
Амирата започнал да пуши електронски цигари пред 18 месеци, бидејќи верувал дека тие се сигурна алтернатива на пушењето обични цигари.
Минатиот понеделник не можел да спие поради болки во левата страна од телото, мислејќи дека истегнал некој мускул. Следниот ден отишол на куглање со својата пријателка, но не можел да седне на пластичното столче.
“Ако се засмеев, имав чувство како во градите нешто да ми откажува, како да имам срцев удар”, раскажува Амирата.
Отишол во болница и после пет часа чекање, го опкружиле хирурзи. Ми рекле дека левото крило му откажало и дека мора веднаш да биде опериран.
Ченс бил во шок. Немал никакви симптоми освен кашлица и повремено тешко дишење, така што ова за него било тотално шокантно.
После операцијата, хирургот му ги покажал црните точки на неговите бели дробови и му рекол “што и да пушел, од тоа му останала оваа последица”.
Хирурзите успеале да му ги закрпат дупките на белите дробови, но му било кажано дека за тие црни дупки ќе бидат потребни повеќе години за да се залечат, а можеби ќе останат засекогаш. Му било кажано дека нема да може да трча на подолги патеки, да нурка, а ќе потрае и додека следниот пат ќе може да лета со авион.
Овој тинејџер, кој вели дека никогаш не пушел цигари, ги предупредува другите од опасностите кои ги предизвикуваат електронските цигари.
“Ги пушев година и половина и никогаш повеќе нема да ги пушам. А не би требало ниту вие. Знам дека е тешко да се промени нечие мислење, а особена на некој што е зависник, каков што бев и јас”, вели Ченс Амирата.
Ова се случило само неколку седмици откако осум тинејџери во САД биле хоспитализирани со тешко оштетување на белите дробови по вдишување на ТНС преку електронска цигара.
Експертите предупредуваат дека електронските цигари се загадени со тешки токсини. Научниците од Харвард тестирале 75 популарни производи на електронски цигари вклучително и кертриџи и течности за надополнување на електронски цигари. Притоа нашле траги од ендотоксини, микробни производи на грам негативни бактерии, додека 80% од производите содржеле глукан, кој се наоѓа во ѕидовите на клетките од печурките.
За електроснките цигари нашироко се смета ека се побезбедни од пушењето на обични цигари. Содржат никотин, но не и катран. Голем број здравствени работници ги препорачуваат електронските цигари како безбедна опција при одвикнувањето од пушење, но други ексерти предупредуваат од опасност при подолготрајна употреба.