Потребни состојки:
1 лимон
300 г листови од чувар куќа
750 г ливадски мед
Постапка:
Добро измијте го лимонот па ставете го во вода со една лажица сода бикарбона и оставете да отстои 1 час.
Извадете го, измијте го и исечкајте го на парчиња. Вака исечениот лимон заедно со 300 г чисти листови чувар куќа сомелете ги и процедете ги низ газа.
Додадете 750 г ливадски мед и промешајте со дрвена лажица. Чувајте во фрижидер.
Употреба:
Секое утро на празен стомак земете по една лажица. Третманот трае околу 40 денови.