Многу се вкусни и едноставни за подготовка, одличен рецепт…Поедноставно а повкусно од ова не можете да најдете.
Едноставно се неодоливи! Слатки, вкусни, се топат во уста. А толку лесно се приготвуваат, би било штета да не ги пробате. Подготвивме неколку рецепти кои само во нијанси се разликуваат:
РЕЦЕПТ 1 Потребни состојки: 4 белки, 300 г шеќер, 300 г мелени ореви, 60 г мелени кекси, 300 г сечкани ореви
Постапка: изматете цврст снег од белки, а потоа постепено додајте го шеќерот и матете додека и тој да се растопи. Потоа исто така, постепено додајте ги мелените ореви и кексите.
Промешајте со лажицата додека да се изедначи смесата, а потоа со рака формирајте кифлички и валкајте ги во сечканите ореви. Редете ги во плех обложен со хартија и ставете да се печат во загреана рерна на 100-120 степени 30-40 минути.
РЕЦЕПТ 2 Потребни состојки: 2 јајца, 250 г мелени ореви, 250 г сечкани ореви и 180 г шеќер во прав
Постапка: со виљушка изматете ги јајцата со шеќерот. Додајте мелени ореви и убаво изедначете ја смесата. Со рака формирајте кифлички, а секоја кифличка валкајте ја во ситно сечкани ореви.
Редете ги во плех обложен со хартија за печење. Рерната загрејте ја на 180 степени, па готовите орасници ставете ги да се печат околу 35 минути. Извадете ги, изладете ги и уживајте во нивниот вкус. Многу, многу едноставно. / Сооlinarika.com
РЕЦЕПТ 3 Орасници на старински начин, се прават од 2 јајца, 180 г шеќер и 300 г мелени ореви / Фотографија и рецепт на Славица Николиќ
Потребни состојки: 2 јајца, 180 г шеќер, 300 г мелени ореви + сечкани за валкање
Постапка: изматете ги јајцата со шеќерот додека тој да се стопи и да побели смесата. Потоа матењето продолжете го на пареа за термички да се обработат јајцата. Во кремот додајте ги мелените ореви и оставете да излади смесата.
Потоа, од смесата формијате орасници, валкајте ги во сечкани ореви и редете ги во плех обложен на хартија за печење. Орасниците ставете ги да се „печат” односно да се сушат на тивок оган: Прво на 180 степени загрејте ја рерната, па околу 15 минути печете ги на 150 степени.
Додека се топли орасниците се меки и затоа оставете ги да изладат. Потоа ќе бидат крцкави и убави. / Фотографија и рецепт на Славица Николиќ
РЕЦЕПТ 4 – ОРАСНИЦИ ФИНИ И КРЦКАВИ / Рецепт и фотографија на Јелена Петровиќ
Потребни состојки: 1 јајце, 100 г шеќер, 100 г мелени ореви и 100 г ситно сечкани ореви
Постапка: Со миксер изматете го пенасто јајцето заедно со шеќерот додека тој да се растопи. Ставете ја смесата на пареа или на многу тивок оган и продолжете да го матите/мешате јајцето додека да се згусне, околу 5-6 минути. Додајте го мелените ореви, па тргнете го садот од оган.
Со лажичка вадете од филот па валкајте во сечканите ореви и обликувајте кифлички/потковица, па редете ги во плех обложен со хартија за печење. Ставете да се печат во загреана рерна на 160 степени околу 15 минути.
Орасниците можат да стојат долго време во кутија. Одлични слатки грицки!