Чупавци од пишкоти и кекс–колачи…Чајни слатки залчиња кои ќе ги обожавате и нема да можете да престанете да ги јадете…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

-пишкоти, тркалезни чајни кекси
-кокосово брашно

За фил:
2 јајца
100 г шеќер
1 ванилин шеќер
150 г путер
150 г чоколадо
300 мл млеко

ПОСТАПКА:

Сварете го млекото со шеќерот. Во посебен сад пенасто изматете ги јајцата, па заедно со ванилата сипете ги во млекото. Варете со непрекинато мешање на пониска температура додека да малку згусне. Внимавајте да не и загори.

Додајте го чоколадото и мешајте додека да се инкорпорира. Густиот, течен крем претурете го во друг сад и оставете да се олади, па кремот соединете го со пенасто изматен путер. Оставете во фрижидер да се олади и стегне.

Спојувајте пишкоти и кекс колачи со фил, а потоа валајте ги во кокосоо брашно или мелени ореви. Кексите можете претходно кратко да ги натопувате во млеко за да бидат помеки. Постапката погледнете ја ОВДЕ.