Ова е навистина една многу брза торта, се приготвува со пет состојки, за пет минути, а со вкусот веднаш ќе ве освои.
Потребни состојки:
1 кг банани
400 г шлаг крем
350 г кисела павлака
400 г орео кекси издробени (или било кои чоколадни кекси)
1 пакување розен кори
Постапка:
Бананите излупете ги, ставете ги во еден сад и изгмечете ги со виљушка за да можат полесно да се изматат.
Во садот со испасираните банани додадете 400 г шлаг крем во прав, а потоа додадете 2 лажици кисела павлака. Состојките измиксајте ги со миксер, а потоа постепено додадете го и остатокот од киселата павлака. Миксајте додека да добиете изедначена смеса.
Излегува голема количина, па затоа користете подлабок сад за матење. Потоа ситно искршените бисквити (орео) додадете ги во кремот и промешајте со лажица или шпатула за да се изедначи филот. Може да користите и други чоколадни бисквити по вкус.
Една врз друга филувајте ги тенките розен кори и сочувајте малку од филот за да ја украсите целата торта одозгора. Филот е превкусен и богат.
Вака приготвената торта оставете ја неколку часови во фрижидер убаво да излади и да се стегне. Деталите можете да ги погледнете во видеото: