Маската приготвена од квасец и белка има чудесен ефект врз кожата и може да избрише цела деценија од лицето. Оваа моќна комбинација длабински ќе ја исчисти вашата кожа, ќе ја затегне, ќе и ја врати еластичноста и сјајот, ќе ги измазни брчките на сосем природен начин.

Пекарскиот, но и пивскиот квасец исто така, богат е со витамините од Б групата, како што се витамините Б1, Б2, Б6 и Б12.

Тие се многу значајни за правилна работа на целиот организам, а особено на кожата. Нивниот недостиг во исхраната се отсликува речиси на сите процеси во организмот.

Сигурно сте слушнале за советот кој им се дава на луѓето со дефицит на Б-комплекс, односно, повремено да пијат разматено мало парче квасец во вода.

Доколку вкусот не ви е пријатен, секогаш можете да се потпрете на суплементите и разните додатоци ва исхраната, но ова е најприродната замена.

Квасецот не само што е богат со овие витамини, туку содржи и бројни минерали како што се калиум, калциум, магнезиум, натриум, хром, железо, бакар, манган, цинк и фосфор. Има и есенцијални аминокиселини меѓу кои инозитол и п-аминобензоева киселина.

За моментно подмладување може да ја пробате и оваа комбинација. Белката е често застапена состојка кога станува збор за затегнување на кожата, а во комбинација со квасецот се добива уште подобар ефект.

Потребни состојки:

1 белка од сирово јајце
1 коцка свеж квасец
20 мл млако млеко или јогурт

Постапка:

Квасецот издробете го во малку млако млеко, колку да се растопи. Белката пенасто изматете ја, па соединете ја со квасецот.

Внимателно со мека четка нанесете ја маската на лице во неколку слоеви. Оставете да делува 20-тина минути.

Како ќе се засушува маската, така ќе чувствувате како маската се затегнува, а маската дека потпукнува. Меѓутоа, тоа не е ништо необично и немојте поради тоа пребрзо да ја вадите.

Почекајте целосно да се исуши, а потоа отстранете ја со млака вода, полека и внимателно, без триење на лицето. Ќе забележите дека вашето лице на допир е помеко, кожата е позатегната и целосно чиста, бидејќи заедно со маската се елиминираат и изумрените клетки и нечистотијата.

За лифтинг ефект и елиминација на црнки, маската нанесете ја врз тенко и нежно хартиено марамче со отвори за очите и устата, па откако ќе се исуши, отстранете ја маската во еден потег.

Напомена: Пред нанесување на било која маска, па и на оваа, проверете ја чувствителноста на вашата кожа на помал сегмент, па доколку нема несакани реакции, продолжете да ја користите.