Се користи плех со димензии 30х20 см.
Потребни состојки:
150 г шеќер
1 ванилин шеќер
1 јајце
200 мл млеко
180 г мелени ореви, лешници или комбинација
100 мл масло
200 г меко брашно
½ прашок за печиво
1 прстофат сол
за крем:
6 јајца
200 г шеќер
1 ванилин шеќер
100+500 мл млеко
20 г меко брашно
15 г густин (пченкарен скроб)
И уште ќе ви биде потребно: какао во прав за наросување преку колачот.
Постапка:
Во еден сад се ставаат 150 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер, па во смесата се крши и едно јајце. Со постепено додавање на 200 мл млеко се мати со жица додека да се добие убаво изедначена смеса без грутчиња. Млекото се додава постепено, по малку додека се мати со жица.
Лешниците или оревите или измешана комбинација од нив, се става во блендер и се мелат па се додаваат во смесата со јајца. Постепено се додава и 100 мл масло и се мати со жица.
Брашното се просејува, му се додава прстофат сол и половина кесичка прашок за печиво (7 г), па убаво се промешува. Брашното постепено се додава во смесата од јајца со постојано мешање со жица, додека да се изедначи.
Плехот 30х20 см се намастува со путер и се набрашнува, па во него се излева смесата. Се пече околу 25 минути на 175 степени.
Печениот бисквит се остава да излади 15-20 минути и потоа се превртува.
За крем: се двојат белки од жолчки од 6 јајца.
Во жолчките се додава 100 г шеќер и една кесичка ванилин шеќер. Се матат пенасто неколку минути, па се додава 100 мл млеко, 50 г брашно и 15 г густин, па се продолжува со матење додека да се изедначи, без грутчиња.
Белките заедно со 100 г шеќер се матат пенасто во цврст снег.
На оган се загрева половина литар млеко, па кога ќе биде млако се додава смесата со јајца и се меша постојано додека да згусне (околу 1-2 минути, па се намалува огнот). Во топлиот крем се додава половина од снегот од белки и се мати околу една минута. Потоа се додава остатокот и се мати уште две минути.
Кремот се излева врз бисквитот и се остава целосно да излади и да се стегне. Потоа се сече префектно и се наросува со какао во прав (краш експрес, несквик…).
Деталите погледнете ги во видеото: