Долго време патев од телесни тегоби како што се проблеми со зглобовите, ‘рбетот, ишијас, дискус хернија…
Со Божја помош, со помош на докторите и луѓе кои се занимаваат со здравје, како и со свој сопствен труд, дојдов до вежбата која навистина може да го поправи квалитетот на животот и да го врати нарушеното здравје.
Затоа сакам да го споделам своето искуство со вас и да ви ја покажам исцелителната вежба со чија помош целосно оздравев од овие болести. Еден дел од вежбата сам го осмислив, додека другиот дел го презедов од други и малку го модифицирав.
Во ова видео покажувам вежба која лично ја креирав (со Божја инспирација), која е неверојатно ефикасна за местење на лопатките, рамењата, како и првиот граден (торакален) прешлен Тh1, а можеби и на некој од вратните прешлени (зависи од лицето и видот на физичкиот проблем).
Потребна е само љубов кон себеси, искрена вера во Бога, лицето да биде опуштено и правилно да ја изведува вежбата.
Му се заблагодарувам на татко ми кој го сними ова видео.
Напомена: Овие вежби не се рецепт за секого, туку служат како поттик за секого да си го побара лекот. Не сум доктор и немам право да лекувам, туку да ги мотивирам другите со своето искуство.
Примената на овие вежби е на лична одговорност на секој поединец. Исто така, вежбите треба да се изведуваат на празен стомак (наутро, навечер и помеѓу оброците), да се премине на здрав режим на исхрана и да се живее духовен живот (позитивно да се размислува и сè останато што налага верата) за да се постигне максимумот од здравиот живот.
Коментари од корисници:
-Ви благодарам Сашо, откако почнав да ги изведувам Вашите чудесни вежби, срцето ми има подобра циркулација, ми се врати жената со децата и се вработив – поздрав од Војводина.
-Ти благодарам другар…но мене најмногу ме фасцинира тоа што во очите ти се гледа добронамерноста и чистотата на твојата душа…секоја чест тоа што си го сочувал. Поздрав.
-Ти благодарам Саша за твојот труд и волјата да им помагаш на луѓето!
-Овој чудесен човек ми помогна повеќе од било кој, а притоа не го ни познавам лично. Ти благодарам Саша!
-Првиот впечаток ми беше негативен, не ми делуваше уверливо, но испробав и ме спаси вежбата. Попуштија болките, после првата вежба ми беше полесно.
-Звучи смешно, но токму тој дел од ‘рбетот ме болеше и навистина прешлените си се вратија на место!
-Ти благодарам, многу ми помогна за местењето на лопатките. Сè најдобро
-Ти си чудесен човек, ти благодарам, грбот ме болеше, а сега повеќе не ме боли.