Само една шолја од овој напиток дневно го подобрува метаболизмот за 12%! Покрај тоа го регулира шеќерот во крвта, помага за подобро ментално здравје, го намалува ризикот од срцев удар, го подига имунитетот… зелен чај со додаток на уште две одлични состојки, мента и портокал!
Потребни состојки:
1 литар вода
5 кесички зелен чај
1 портокал
Шака свежа мента
Постапка:
Прво пригответе зелен чај со еден литар вода. Загрејте ја водата до 80 степени, не смее да зоврие на 100 степени, тргнете од оган па додадете 5 кесички зелен чај, па оставете околу 3 минути (или колку е означено на амбалажата).
Изладете го чајот и преточете го во тегла од 1 литар.
Портокалот добро исперете го, можете и да го излупите, но сочувајте го белиот дел под кората, па исечете на тркалца.
Додадете го исечканиот портокал и шака свежа мента во изладениот чај. Затворете ја теглата и оставете преку ноќ во фрижидер да се соединат состојките.
Во замена можете да користите и мандарина.
Оваа количина е доволна за две лица во текот на следниот ден, односно, секој да испие по половина литар.