Потребни состојки:
500 г спанаќ
1 лажица маст или путер
1 помала главица кромид
1-2 чешниња лук
2 лажици брашно
200 мл вода
400 мл млеко +-
Сол, црн пипер
И уште:
Течна, неутрална павлака или кисела павлака и крцкава сланина, кој како сака
Постапка:
Спанаќот убаво се чисти и мие. Во поголем сад во кој може да го собере спанаќот, ставете вода и загрејте ја за да зоврие. Кога ќе проврие ставете го целиот спанаќ, промешајте штом свене за некоја минутка, извадете го, процедете го и оставете малку да излади.
Кога ќе биде ладе исцедете го од вишокот вода и исечкајте го ситно. За тоа време, на оган загрејте ја маста и пропржете го ситно сечканиот кромид додека да стане стаклест. Па додадете го сечканото лукче, промешајте и штом замириса, додадете две лажици брашно. Пропржете го брашното околу половина минута на тивко, додадете го спанаќот и сето прелијте го со вода, а потоа и со млеко.
Млекото додавајте го додека чорбата да ја добие посакуваната густина (обично оди една мера вода и две мери млеко). Чорбата посолете ја и запиперете по вкус. Оставете да проврие и гответе уште минута-две со мешање.
Чорбата можете веднаш да ја сервирате во чинии, а можете да додадете и околу 100 мл павлака и да наросете парчиња крцкава сланина.