ЧОРБА ОД ПРАЗ (посно на вода)…Многу вкусно и исклучително здраво јадење, особено за луѓе со проблеми со кардиоваскуарниот и дигестивниот систем. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

2 страка праз
1 главица кромид
300-400 г компир
сол, црн пипер, ловоров лист
½ лимон сол
1 лажица брашно

Постапка:

Загрејте малку вода, додајте ситно сечкан праз, кромид и варете додека зеленчукот да омекне.

Додајте компир исечен на коцки, сол, црн пипер, ловоров лист, па сето прелијте го со еден литар вода. Гответе околу 45-50 минути поклопено на умерена температура.

Тргнете од оган, додајте една лажица брашно разматена во малку водичка и вратете да се довари уште 5 минути.

На крај зачинете со лимонов сок.

Доколку сакате да добиете крем чорба, смесата изматете ја во блендер или со рачен миксер.