За сите обожувачи на слаткиот вкус, ова е рецепт за торта на која никој не може да и одолее. Се приготвува за само 10 минути, а постапката можете да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт.
Потребни состојки:
300 г мелени бисквити
100 г мелени ореви или лешници
1 лажица шеќер во прав
1 ванилин шеќер
60-70 г растопен маргарин/путер (може уште малку ако кексите се суви)
2-3 лажици чоколадно млеко
За фил:
400 мл слатка павлака
350 г чоколадо
100 г чоко снегулки
Постапка:
За подлога може да употребите било каков кекс. Во подлабок сад ставете ги мелените бисквити, мелените ореви, ванилин шеќер и шеќер во прав.
Промешајте убаво да се изедначат состојките, па прелијте со растопен путер и доколку сакате, може да додадете 2-3 лажици чоколадно млеко. Убаво промешајте за да добиете ровка, леплива смеса. Нанесете ја во калап бр.24 претходно малку намастен со путер. Страниците можете да ги обложите со проѕирна фолија.
Рамномерно нанесете ја смесата и нежно притиснете со лажицата, па тргнете на страна додека го приготвувате филот.
За фил: 400 мл слатка павлака ставете на оган колку да се замлачи, но не смее да зоврие. Потоа додадете го чоколадото искршено на коцки и промешајте за да се растопи и изедначи.
Кога ќе се добие мазна еднолична смеса. Додадете ги смегулките, промешајте и прелијте преку подлогата од кекси. Вака приготвениот колач оставете го во фрижидер најмалку два часа или во замрзнувач еден час. Деталите можете да ги погледнете во видеото: