Потребни состојки:
300 г мелени бисквити
100 г мелени ореви или лешници
1 лажица шеќер во прав ако бисквитите не се доволно слатки
1 ванилин шеќер
60 г растопен путер / маргарин
Ако бисквитите се многу суви тогаш додадете околу 5 лажици чоколадно млеко
За фил:
400 мл слатка павлака
350 г чоколадо
Околу 100 г чоко снегулки
Постапка:
Во бисквитите додадете мелени ореви, ванилин шеќер и шеќер во прав. Измешајте и прелијте со растопен путер. Може да додадете уште пет лажици чоколадно млеко за да добиете убав чоко-вкус.
Во намастен калап со путер и обложен со фолија наредете ја убаво соединетата смеса од бисквити и убаво израмнете.
За прелив од чоколадо загрејте ја слатката павлака да стане млака, а да не зоврие, па додадете го искршеното чоколадо и мешајте додека да се растопи и соедини. Потоа додадете чоколадни снегулки, промешајте и прелијте преку подлогата од бисквити.
Оставете да излади најмалку 2 часа во фрижидер или еден час во замрзнувач за да се стегне колачот.
Потоа извадете го од калап, отстранете ја фолијата и послужете.