Се чини дека кроасаните се омилените печива ширум светот, а се јадат најобични од лиснато тесто, празни или филувани со различни кремови, минијатурни или џиновски, меки како памук или крцкави со тенки слоеви нежно тесто…а, во Кореа од неодамна се многу популарни чоколадните кроасани кои можете да ги купите речиси на секој агол. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (рецепт 1): 4 г квасец, 3 супени лажици шеќер, 1 јајце, 100 мл млако млеко, 1 супена лажица густ јогурт или кисела павлака, 250-300 г брашно, 2 супени лажици какао во прав, 100 г путер или маргарин. За фил: нутела и по желба парче банана
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (оригинален корејски рецепт): 4 чаши брашно, 1/2 чаша вода, 1/2 чаша млеко, 1/4 чаша шеќер, 2 лажички сол, 1 кесичка инстант сув квасец, 3 лажици омекнат несолен путер, 1 1/4 чаша ладен несолен путер, 1 јајце, 2 реда чоколадо
ПОСТАПКА (рецепт 1): Во еден подлабок сад изматете го јајцето со маталка, додајте шеќер, млеко, квасец, кисела павлака/јогурт, какао во прав и добро промешајте додека состојките да се изедначат.
Во оваа течна смеса започнете постепено да го додавате брашното (на неколку наврати) постојано мешајќи со металката. Кога брашното ќе ја впие течноста и ќе стане густо, остатокот од брашното додавајте го додека месите со рака.
Тестото треба да биде компактно, меко и да не се лепи за рака. Поклопете го со капак или со проѕирна-стреч фолија и оставете го на топло место да стасува околу еден час додека да го удвои волуменот.
Потоа истресете го на работна површина и со помош на кујнска четка премачкјате го со малку масло за да не се лепи. Поделете го на 5 приближно еднакви делови. Од секој дел формирајте топче.
Со помош на оклагија развлечете ги во кори со големина на средна чинија. Потоа одозгора премачкјате ги со омекнат путер и редете ги една врз друга, освен петтата, последната кора која е најодозгора.
Веднаш со оклагијата развлечете една голема тенка кора, поделете ја на 16 триаголници, а на секој триаголник од пошироката страна ставете парче чоколадо или лажица нутела со парче банана. Филот е по ваш избор.
Свиткајте ги кроасаните и наредете ги во плех обложен со хартија за печење. Покријте ги со кујснка крпа и оставете ги да стасуваат 20-тина минути додека да нараснат, а потоа ставете ги да се печат во загреана рерна на 200 степени околу 20 минути. Деталите погледнете ги во видеото ОВДЕ. Доколку сакате да го погледнете кореанскиот рецепт, ОВДЕ.