Потребни состојки:
Биксвит:
3 јајца
150 г шеќер
50 мл масло
100 мл млеко
100 г чоколадо
70 г брашно
1 прашок за печиво
100 г мелени лешници
Крем:
400 мл млеко
1 пудинг од чоколадо
60 г шеќер
100 г чоколадо
50 мл силно црно чоколадо
250 г путер
Глазура:
20 г путер
100 г чоколадо
Постапка:
Јајцата и шеќерот пенасто изматете ги со миксер, додадете масло, млеко, топено чоколадо, брашно помешано со прашок за печиво и лешници. Сето добро измешајте го а потоа смесата излијте ја во намастена и побрашнета тепсија (22х36см) и печете во рерна загреана на 180°C 35-40 минути.
Прашокот за пудинг помешајте го со 2-4 лажици шеќер. Од 400 мл ладно млеко одземете 6 лажици и добро промешајте ги со смесата од пудинг и шеќер. Остатокот од млекото сварете го, тргнете од оган и додадете го разматениот прашок за пудинг, па мешајќи гответе уште 1-2 минути.
Во топлиот пудинг измешајте го растопеното чоколадо и црно кафе. Излејте го во подлабок сад, покријте со проѕирна фолија и изладете. Путерот пенасто изматете го и додадете го во изладениот пудинг.
Сето добро промешајте го и распоредете го врз изладениот бисквит. За глазура, растопете го путерот, тргнете од оган, измешајте го искршеното чоколадо и мешајте додека не добиете мазна структура. Колачот добро изладете го, а потоа прелијте со чоколадна глазура.