каква е таа пролет без јагоди? И какви се тие без јагоди без чоколадо? Ова е еден навистина превкусен колач, кој веднаш ќе ве освои со својот вкус. Се приготвува многу едноставно, иако можеби на прв поглед ќе ви се чини комплицирано. Прочитајте го рецептот, направете го и уверете се:
Потребни состојки за бисквит: 6 јајца, 6 лажици шеќер, 4 лажици брашно, 2 лажици какао, 1 кесичка прашок за печиво, 100 г растопено чоколадо за готвење, 3 лажици млеко
За крем: 500 мл млеко, 7 лажици брашно, 150 г шеќер, 2 кесички ванилин шеќер, 150 г маргарин или путер. И уште ќе ви биде потребно: 500 г јагоди, а за чоколаден прелив: 400 мл слатка павлака и 200 г чоколадо за готвење
Постапка за приготвување на бисквитот: раздвојте ги белките од жолчките. Изматете ги пенасто жолчките заедно со шеќерот додека да станат пенасти, а смесата да згусне. Додајте брашно, какао, растпено чоколади и на крај млеко.
Во посебен сад изматете ги белките во цврст снег, а потоа со лажица додајте го во смесата од жолчки, па внимателно промешајте со превртување на смесата, за да се изедначат состојките, а сепак да остане воздушеста.
Бисквитната снеса излејте ја во плех обложен со хартија, со димензии 38х22 см или приближно, израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 175 степени околу половина час (проверете со чепкалка).
Печениот бисквит превртете го од плехот, па кога ќе се олади отстранете ја хартијата и исечете го на половина, така да добиете две тенки кори. Во меѓувреме пригответе го кремот:
За крем: одвојте 200 мл млеко, па помешајте со шеќер и брашно. Остатокот од млекото ставете го на оган, па кога ќе зоврие додајте ја смесата со непрекинато мешање. варете 5-6 минути.
Кремот е готов кога ќе се соедини и ќе згусне. оставете го на страна целосно да се олади. Путерот омекнат на собна температура изматете го пенасто, па соединете го со оладениот крем. Јагодите ситно исечкајте ги.
За чоколаден прелив: загрејте ја слатката павлака, но внимавајте да не ви зоврие. Додајте го чоколадото искршено на коцки и мешајте додека целосно да се растопи и соедини во мазна смеса.
РЕДЕЊЕ: првата кора вратете ја во калапот, премачкјате со половина од кремот, наредете рамномерно јагоди, па јагодите прекријте ги со остатокот од кремот и поклопете со со втората кора.
Одозгора прелијте со чоколадниот прелив. Колачот изладете го најпрво на собна температура, а потоа и во фрижидер. / Циара / Сооlinarika.com